Кампањи
Повеќе од 75 години, УНИЦЕФ води глобална борба за правата на децата. Придружете ни се за да го промениме животот на децата.
УНИЦЕФ не може да успее сам - потребни ни се партнери и поединци во општеството кои ќе ги осознаат проблемите, а потоа ќе се обврзат да работат заедно кон промени. Ние креираме кампањи за поттикнување акција кон промена на начинот на кој општеството ги гледа и постапува со децата.
Погледнете и вклучете се, бидејќи единствениот начин со кој на секое дете може да му дадеме детство, иднина и фер шанса, е сите да дејствуваме заедно.
Активни кампањи
Еден тим за секое дете! Нулта дискриминација.
Заедничка кампања на УНИЦЕФ, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за секој спортски терен, секое училиште и секоја заедница да бидат безбедно и инклузивно место за децата.
#НетБезХејт е движење предводено од деца и адолесценти кои се залагаат за дигитален свет каде што секој се чувствува безбедно, почитувано и слушнато. УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ја продолжуваат својата соработка во поддршка на младите кои носат промени и преземаат водство во борбата против сајбер насилството и говорот на омраза на интернет.
Мобилна апликација која ќе ви помогне да му дадете одличен почеток на вашето дете – за цел живот.
Светски ден на детето
Светскиот ден на детето е ден за акција од децата за децата на глобално ниво, што се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето.
30 години - и никогаш нема да запреме
Во 2023, одбележавме 30 години откако Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето и воспостави соработка со УНИЦЕФ.