#НетБезХејт

Придружете се на децата и адолесцентите кои се спротивставуваат на говорот на омраза и сајбер насилството.

Група момчиња и девојчиња

#НетБезХејт е движење предводено од деца и адолесценти кои се залагаат за дигитален свет каде што секој се чувствува безбедно, почитувано и слушнато.

По успешната кампања „За булингот крај, бај-бај“, УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ја продолжуваат својата соработка во поддршка на младите кои носат промени и преземаат водство во борбата против сајбер насилството и говорот на омраза на интернет.


Како започна движењето

Новото поглавје започна со креативна ориентациска работилница во Охрид, каде што деца и млади од целата земја се собраа со заедничка цел. Со поддршка од Извидниците и исполнети со креативност и храброст, тие разговараа за реалностите на дигиталниот живот, споделуваа лични приказни и предизвици поврзани со онлајн безбедноста.

Почеток на едно движење водено од деца и млади, поттикнато од солидарност за создавање #НетБезХејт

Во текот на неколку дена, овие млади двигатели на промени изградија заеднички ставови против онлајн омразата и сајбер насилството. Она што започна како разговор прерасна во силен повик за акција. Преку отворен дијалог, групни активности и креативни сесии, тие создадоа моќни пораки што зрачат со емпатија, почит и отпорност.

 

 

Scouts Association of Macedonia
Scouts Association of Macedonia
Scouts Association of Macedonia

Медиатон: Креативен маратон на соработка и ко-креирање

Од искра до маратон, енергијата продолжи во Скопје. На тридневниот медиатон полн со енергија, децата и младите се здружија со ментори, дигитални креатори, дизајнери и комуникациски експерти за да ги претворат своите смели идеи во убедливи содржини.

Тоа беше простор за соработка каде што преку размена на идеи, раскажување приказни и практично креирање содржини, истражуваа како да зборуваат гласно против онлајн омразата и сајбер насилството на начин кој ги допира нивните врсници. Од првиот цртеж до последниот рил – секоја порака, видео и визуелно дело беше обликувано од нивните искуства, нивните гласови и нивната креативност.

 

Foundation Telekom for Macedonia / 2025
UNICEF North Macedonia / 2025
Two adolescent girls working on their video concept Two adolescent girls working on their video concept
Foundation Telekom for Macedonia / 2025

Сега ти си на ред

Движењето расте – и има потреба од тебе. Подолу ќе ги најдеш моќните пораки, креативните содржини и заедничката визија на децата и младите за интернет без омраза.

Истражи го нивното дело. Инспирирај се. И најважно – придружи се.

Embedded video follows
UNICEF North Macedonia / 2025

Придружи се на движењето!

Биди дел од #НетБезХејт така што ќе ги споделиш своите мисли, ќе ги прошириш пораките и ќе застанеш против онлајн омразата.

📲 Еве како можеш да се вклучиш:
• Сподели содржини создадени од твоите врсници
• Користи го хаштагот #НетБезХејт во твоите објави и стории
• Сподели што за тебе значи побезбеден и пољубезен интернет
• Следи ја оваа страница каде ќе објавуваме нови содржини и можности за вклучување.

Заедно, можеме да го претвориме интернетот во место каде што секој се чувствува безбедно, почитувано и слушнато.

Корисни совети