Претставничка

Запознајте ја претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер

Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ
UNICEF North Macedonia / Georgiev / 2024

Лесли Милер е претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија. Повеќе од 30 години служела во УНИЦЕФ на повеќе лидерски, партнерски и програмски позиции, со фокус на правата на децата.

Досега работела во канцелариите на УНИЦЕФ во Виетнам, Србија и Камбоџа, во Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, со седиште во Женева и во седиштето на УНИЦЕФ во Њујорк.

Лесли завршила историја на колеџот Васар и магистратура по јавна политика и бизнис администрација на Универзитетот во Мичиген. Има ќерка и син студенти.