Што работиме
УНИЦЕФ работи неyморно со партнерите на спасување детски животи, одбрана на детските права и остварување на потенцијалот на децата.
УНИЦЕФ е основан пред повеќе од осумдесет години за да одговори на критичните потреби на децата чии животи беа разорени од Втората светска војна. Всушност, првата пратка со хуманитарна помош на УНИЦЕФ, испратена во август 1947 година, беше наменета за децата во оваа земја, тогаш дел од Југославија.
Во 1993 година, УНИЦЕФ беше една од првите две агенции на Обединетите нации што отворија канцеларија во земјата по нејзиното осамостојување. На почетокот, УНИЦЕФ обезбедуваше итна помош за децата бегалци погодени од конфликтот во Босна и Херцеговина. Во децениите што следеа, нашето партнерство со земјата – и во периодите на развој и во време на кризи – донесе позитивни промени за генерации деца.
Денес, заедно партнерите, УНИЦЕФ продолжува да работи за секое дете да има детство, иднина и еднаква можност да го оствари својот потенцијал. Истовремено, остануваме подготвени да ја поддржиме земјата во заштитата на децата во итни и вонредни состојби.