“За булингот крај, бај-бај!”

Кампања на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија создадена заедно со младите против сајбер насилништвото и онлајн говорот на омраза

УНИЦЕФ
Bye bye bullyinmg
UNICEF/2023

Децата и младите поминуваат повеќе време на интернет од кога било досега. Според Државниот завод за статистика (2023), во Северна Македонија речиси сите - 98,8 отсто од младите на 15-24 годишна возраст користат интернет секој ден, при што околу девет од десет млади луѓе го користат за да се вклучат во социјалните мрежи и користат инстант пораки кадешто се случуваат и најголемиот број случаи на сајбер булинг/ насилништво.

Растењето онлајн нуди неограничени можности. Кога се користи на правилен начин, интернетот има потенцијал да ги прошири хоризонтите, да отклучи можности за учење, да овозможи пристап до информации, играње и изразување. Но, со овие можности доаѓаат и сериозни ризици. Сајбер-насилништвото и говорот на омраза може да ги погоди младите луѓе секогаш кога ќе се најават на социјалните медиуми или на платформите за инстант пораки.

Повредливо однесување може да вклучува вознемирување, насилништво, заплашување, неконсензуално објавување содржина, објавување дискриминаторски мемиња засновани на род; говор на омраза, дискриминација и нетолеранција кон групи на население врз основа на етничка, родова, идентитетска и друга основа.

Youth led campaign against cyberbullying
UNICEF/2023

Учеството на младите лица во скорешната национална U-Report анкета покажува дека во изминатата година 24 проценти од младите испитаници се почувствувале под закана на интернет, секој трет испитаник/испитаничка биле жртва на сајбер-насилништво, односно најчесто биле навредувани или омаловажувани, и дека сајбер-насилништвото главно се случува на социјалните мрежи и во чат разговорите.

Во бура од разнолики идеи и желба да бидат дел од процесот на донесување решенија, околу 30 млади лица заедно создадоа кампања на социјалните мрежи за да им помогнат на своите врсници и младите луѓе да приоретизираат безбедност и грижа за себе и за другите кога се онлајн.

Под слоганот на кампањата „За булингот крај, бај-бај!“ кампањата има за цел да отвори дијалог за потребата да се биде љубезен и со почитување да се однесува кон членовите на онлајн заедниците, како и да се зборува против онлајн врсничкото насилство и младите да се грижат едни за други за да можат да се спротивстават на насилништвото и говорот на омраза.

Youth led campaign against cyberbullying
UNICEF/2023

Придружете им се на младите и споделете ги нивните пораки #BullyingByeBye #ИнтернетБезОмраза

UNICEF/2023 🤚Секој лош збор и навреда ја загадуваат „околината“ и може да се одразат негативно врз човекот. Затоа треба да се внимава какви коментари се оставаат на социјалните мрежи. 🙋‍♀️🙋‍♂️ Младите гласно кажуваат не за „сајбер депонијата“!
UNICEF/2023 Допри до срцето на оние што се жртви на сајбер-булинг! Помогни им и поттикни ги да ја побараат потребната поддршка. 👐

Под насловот „Заедно за интернет без омраза“, оваа иницијатива е дел од долгорочното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Телеком Фондацијата за Македонија, со цел да се вклучат децата и младите во справувањето со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација.