На секое дете му треба семејство

Заедничка кампања на УНИЦЕФ и Министерство за труд и социјална политика за згрижувачки семејства

Foster care
UNICEF/2023

За децата, семејството е примарен извор на љубов и чувство на сигурност.  Но има деца што од различни причини остануваат без родителска грижа. 

Отсуството на неопходната љубов и поддршка, без оглед на која возраст се децата и без оглед колку долго се без родителска грижа, може да остави долгорочни последици врз нивниот развој. 

Затоа најдобро решение за децата без родителска грижа е сместување во згрижувачко семејство или роднинско згрижување сè додека не се постигнат услови за нивно враќање во биолошкото семјество или посвојување.

Семејната грижа и поддршка е неопходна за секое дете. 
Ако имате искрена желба да помогнете на дете без родителска грижа и да му пружите љубов,  дознајте повеќе како да станете згрижувач. ( https://zgrizuvanje.gov.mk/ )

Embedded video follows
Embedded video follows
UNICEF/2023

Приказната на згрижувачите Емине и Туркан 

Семејната средина полна љубов, поддршка и разбирање кон децата влијае врз нивниот понатамошен развој.

Таква средина на живеење има во семејството на Емине и Туркан, кои повеќе од 15 години се специјализирани згрижувачи и досега згрижиле 18 деца со различни потреби.

Осознајте повеќе за нивното искуство преку видео документарецот што можеби ќе ве поттикне и вие да станете згрижувачи.

Embedded video follows
UNICEF/2023

Приказната на згрижувачката Мајлинда Трајановска

„Најдобро нешто што може човек да направи е да биде згрижувач.“

Мајлинда Трајановска е згрижувачка веќе две години, и главна водилка ѝ е да пружи љубов и грижа, со цел да предизвика позитивна промена во животите на децата.

Погледнете го краткиот видео документарец за нејзиното искуство како згрижувачка, можеби ќе ве поттикне и вие да помогнете некому.

Embedded video follows
UNICEF/2023

Приказната на Елпиники, згрижувачка од Крушево

„Со упорност сѐ се постигнува.“

Погледнете го видео документарецот за згрижувачката Елпиники Талеска од Крушево, која со својата безгранична љубов и грижа придонесува кон подобрен развој на дете со попреченост.

Станете и вие згрижувач и дајте го својот личен белег во остварување на еден непречен детски сон.

 За секое дете, а особено за децата со попреченост, блискиот однос со возрасен во семејна средина е од суштинска важност за развојот и остварувањето на целосните потенцијали на детето.

 Отворете го вашето срце и вашиот дом. Станете згрижувач.

 Дознајте повеќе на https://zgrizuvanje.gov.mk/ или јавете се на 15133

#СемејствоЗаСекоеДете

Замислете да растете без некој што ќе ви подари љубов, грижа и заштита.

Отсуството на семејна грижа е болно за детето и се одразува негативно на неговиот раст и развој.

 Отворете го вашето срце и вашиот дом. Станете згрижувач.

 Дознајте повеќе на www.zgrizuvanje.gov.mk или јавете се на 15133.

#СемејствоЗаСекоеДете

Кога не е возможно, не е безбедно или пак, не е во најдобар интерес на детето да живее со своето семејство, згрижувачкото семејство претставува најдобра алтернативна грижа.

 Отворете го вашето срце и вашиот дом. Станете згрижувач. 

 Дознајте повеќе на www.zgrizuvanje.gov.mk или јавете се на 15133.

#СемејствоЗаСекоеДете

Фото есеи

“Најдобрата одлука што ја донесов беше да станам згрижувач”

Да се згрижи дете, значи да се прифати како свое

Видете ја приказната

Кога станав згрижувач, влеав радост во мојот дом

Приказната на Емине и Таркан, кои веќе 15 години се згрижувачи и помогнале на 18 деца кои биле оставени без родителска грижа

Видете ја приказната

Децата напредуваат само ако живеат во семејна средина

Четири згрижувачи ги споделуваат своите искуства

Видете ја приказната