Децата напредуваат само ако живеат во семејна средина

Четири згрижувачи ги споделуваат своите искуства

УНИЦЕФ Северна Македонија
Foster care
UNICEF/2023
24 Мај 2023

Во последните неколку години, по успешната деинститиционализација на деца без родителска грижа во Северна Македонија што се спроведе со поддршка од УНИЦЕФ, згрижувачите ја презедоа незаменливата улога во пружање нега, љубов и заштита на децата на кои најмногу им треба. Четири згрижувачки семејства од различни градови од земјата ја споделуваат разноликоста на нивниот секојдневен живот. Секое дете има различна приказна, но она што ги поврзува е љубовта и грижата што ја добиваат во семејствата кои ги отворија своите срца и своите домови за нив.

Foster care
UNICEF/2023

Јулијана од Кичево во моментот згрижува четиринаесетгодишно девојче со кое воспостави близок однос. “Се одлучив да станам згрижувач затоа што и јас самата бев сместена во згрижувачко семејство како дете кога моето семејство поминуваше низ тежок период. Тоа искуство ми помогна да созреам како личност и да развијам отпорност. Исто така ми помогна да остварам подобар однос и емпатија со децата за кои се грижам.“

Foster care
UNICEF/2023

Соња е загрижувачка од Прилеп, мајка на четири деца, а во моментот се грижи за уште две деца со попреченост. “Најважно од сè за детето е околината во која расте и се развива. Сведок сум на огромни позитивни промени кај децата – во опсегот на зборови што ги користат, координација и движење на телото, во зголемената самодоверба.“

Foster care
UNICEF/2023

Во Крушево постои добра мрежа на згрижувачки семејства. Елпиники згрижувач од Крушево одржува блиска врска со другите згрижувачи во градот со кои си помага, со давање совет или пружање практична поддршка. “Би препорачала секому, ако имаат искрена желба да згрижат дете, да му дадат топол дом, семејство и пред сè, љубов. Тоа бара многу напор, но кога ќе видите како напредува детето, преполни сте со радост.”

Foster care
UNICEF/2023

Во текот на последните десет годни, семејството на Наврие и нејзиниот сопруг Ѓонум згрижи и пружи љубов на 25 деца. Згрижуваат и деца со попреченост откако учествуваа на специјализирани обуки. “Кога од телевизија дознавме дека постои можност  да се згрижи дете веднаш одлучивме да земеме дете и да помогнеме. Да не одлучевме така, денес ќе бевме сами и осамени дома.”

УНИЦЕФ работи со Министерството за труд и социјална политика на понатамошно зајакнување на системот за детска заштита, со фокус на згрижувачките семејства и роднинското згрижување. Основната цел е да се зголеми бројот на згрижувачки семејства кои, слично како овие семејства, во својата одлука да згрижат дете, се предводени од искрена желба да помогнат и да пружат љубов.

За повеќе информации како да згрижите дете посетете ја веб-страницата https://zgrizuvanje.gov.mk/