Јас сум повеќе од она што се случи

Детето во контакт со законот е САМО ДЕТЕ на кое му се потребни поддршка и грижа

KV
UNICEF/North Macedonia/2022

Децата кои ќе се најдат во контакт со правосудниот систем – како жртви, сведоци или затоа што го прекршиле законот - преживуваат психолошка траума.  

Без разлика дали биле изложени на негативни доживувања во детството или пак поради некои интеракции се нашле во допир со правосудниот систем, претрпената траума може да остави длабока трага врз способноста на децата да размислуваат, да чувствуваат и да се однесуваат. Тешко е да се каже кој и во колкава мера има претрпено траума, па затоа системот и заедницата мора да поведат сметка сите деца да се чувствуваат безбедно, сигурно, згрижено и заштитено.  

Начинот на кој системот и заедницата постапуваат со децата во судир со законот и со децата во ризик ќе го одреди патот на нивното закрепнување. Казнените мерки што се применуваат за да се поправи однесувањето на детето може врз него да остават доживотни последици. 

Едно од начелата на правда по мерка на секое дете е затворањето на децата да се применува како мерка на крајна нужност, при што фокусот треба да се префрли на алтернативни мерки и реинтегрирање на децата. На овој начин, момчињата и девојчињата што имаат контакт со правосудниот систем ќе добијат дополнителна поддршка за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција во општеството, врз основа на своите индивидуални потреби, и ќе можат да продолжат со своето редовно образование и живот во заедницата.  

 

Детето во контакт со законот е САМО ДЕТЕ на кое му се потребни поддршка и грижа.

Embedded video follows

Сведоштва

Изложеноста на трауматски случки во детството често остава доживотни последици. Четири деца ги споделуваат своите приказни за преживеаната траума и изгубената доверба во оние кои требало да се грижат за нив, како и за возобновеното себесакање, надеж и соништа за иднината.

Статии и видео-сведоштва засновани на вистински приказни.

Само со баба ми се чувствував убаво и среќно

Приказна на седумнаесетгодишно момче во судир со законот

Прочитајте ја приказната

Знам дека има повеќе позитивни работи во кои сум добар

Приказна на осумнаесетгодишно момче сместено во Воспитно поправниот дом во Тетово

Прочитајте ја приказната

Никогаш не сум имал свој дом

Приказна на седумнаесетгодишно момче во судир со законот

Прочитајте ја приказната

Се чувствувам како да немав детство

Приказна на деветнаесетгодишно девојче за нејзиното искуство со институциите

Прочитајте ја приказната
Embedded video follows
UNICEF/North Macedonia/2022
Embedded video follows
UNICEF/North Macedonia/2022
Embedded video follows
UNICEF/North Macedonia/2022
Embedded video follows
UNICEF/North Macedonia/2022

Систем во најдобар интерес на детето

Кога децата ќе се најдат во контакт со правосудниот систем и со системот за заштита на децата, тие се среќаваат со најразлични стручни лица и установи кои донесуваат одлуки за нивната иднина. Затоа, од најголема важност е сите стручни лица што донесуваат такви одлуки да се раководат според најдобриот интерес на децата. Огромен позитивен ефект врз иднината на децата може да даде индивидуалниот приод со емпатија и внимателното согледување на околностите.

 

 

 

Embedded video follows
UNICEF/North Macedonia/2022

Младински застапници за правда за деца

Група млади осмислија и развија идеи за правичен пристап до правдата преку иницијативата „Младински застапници за правда за децата“.

 

 

 

Embedded video follows
UNICEF/North Macedonia/2022