Младите го креваат својот глас за неопходните еколошки промени

30 младинци повикуваат на акција за подобрување на квалитетот на воздухот во Северна Македонија

Youth Mediathon
UNICEF/2023

Несомнено е дека Северна Македонија се соочува со еден од најсериозните еколошки предизвици во изминатата деценија, а тоа е нивото на загаденост на воздухот. Низ годините, Скопје како главен град и бројни други градови во земјата ги достигнаа највисоките измерени точки на најзагадени градови во светот. Таквиот исход на годишно ниво го засега животот на илјадници граѓани и влијае врз мотивацијата и надежта кај младите дека ќе се случат систематски промени. Согледувањата на младите се последица на недостатокот на акција и инвестирање во создавањето и спроведувањето политики за животна средина на локално и национално ниво.

Меѓутоа, кога станува збор за носење одлуки и како младите се изјаснуваат по тоа прашање, врз основа на истражување спроведено од Младинскиот образовен форум во 2021 година, повеќе од една третина од младите во Северна Македонија се изјасниле дека не учествуваат во процесите на одлучување на национално ниво и на ниво на локална самоуправа.

Дополнително, неодамнешното истражување на УНИЦЕФ фрли светлина врз фактот дека околу 72 отсто од граѓаните на Северна Македонија изразуваат загриженост за тоа како климатските промени ќе влијаат на нивните животи, додека помладата популација се смета за најмотивираната да преземе дејствија.

Youth Mediathon 2
UNICEF/2023

Ова доведе до создавање на младинска програма за застапување во животната средина „Млади за воздух“ која имаше за цел да го стимулира младинското учество и да застапува квалитет на воздухот и истовремено да ги оснажи младите да преземаат дејствија за прашања поврзани со животната средина.

Во оваа смисла, 30 млади учесници од различни општини во земјата учествуваа во два модула за обука, од кои едниот им даде можност подлабоко да ги истражат корените и причините за загадувањето на воздухот, застапувањето и дигиталните технологии, а другиот, наречен „Медијатон“, им даде можност да работат со видеографи, графички дизајнери, професионални фотографи и новинари за креирање и концептуализација на дигитална содржина.

Медијатонот се одржа во Скопје и резултираше со огномет од произведена дигитална содржина што ги содржи пораките за застапување што младите треба да ги споделат, а се однесуваат на итната потреба за подобрување на квалитетот на воздухот.

Видеа

Embedded video follows
Embedded video follows
Enis Asipi „Време е за промени“ е видеото направено од Енис Асипи на знаковен јазик, во кое се фокусира на човечките постапки кои оставаат значителна трага на севкупниот квалитет на воздухот.
Embedded video follows
Valentina Angelova Валентина Ангелова направи интервју со биологот и еко- активист Кирил Арсовски за ефектите на фосилните горива врз загадувањето на воздухот.
Embedded video follows
Lina Bushi Лина Буши направи видео кое се фокусира на ефектот што леарниците го имаат врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето.

Фотографија

Десет учесници беа дел од работилницата за фотографија, која ги водеше низ процесот на создавање и уредување фотографии како повик за акција кон подобар квалитет на воздухот.

Aleksandar Atanasoski
Александар Атанасоски
Darko Eftimov
Дарко Ефтимов
Andrea Sutinoska
Андреа Шутиноска
UNICEF
Mediathon
Mediathon
Александар Атанасоски
Agnesa Osmani
Агнеса Османи

Графички дизајн

10 млади учесници работеа со графички дизајнери, кои ги менторираа во изработка на креатива, која треба да ја пренесе пораката што учесниците сакаат дигитално да ја споделат.

Anastasija i David
Анастасија Симовиќ & Давид Михаиловски
Desanka Nikolova & Fisnik Haziri
Десанка Николова & Физник Хазири
Anastasija Simovikj & David Mihailovski
Анастасија Симовиќ & Давид Михаиловски
Andrea Mitovska & Andrea Shutinoska
Андреа Митовска & Андреа Шутиноска
Eva Macevska & Dragana Korunoska
Ева Мацевска & Драгана Коруноска
Azbije Muaremi & Muhamed Aliev
Азбије Муареми & Мухамед Алиев

По изработката на креатива, фотографии и видеа, младинските застапници учествуваа во менторска активност, што им даде основа да работат со искусни професионалци за да креираат писмени барања, упатени до властите и институциите кои имаат одговорност да обезбедат систематски решенија за проблемот со квалитетот на воздухот во Северна Македонија.

Медијатонот е активност која е дел од проектот „Млади за воздух“, поддржан од УНИЦЕФ, а кој го спроведе Младинскиот образовен форум.