Еден тим за детските права
Заедничка кампања за Светскиот ден на детето на УНИЦЕФ и Фудбалска федерација на Македонија за унапредување на детските права

УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија склучија ново партнерство поврзано со Светскиот ден на детето, со кое ја промовираа важноста на инклузијата, недискриминацијата и еднаквоста на децата и младите во спортот и во игрите.
Оваа година Светскиот ден на детето се одржува на истиот ден кога започнува Светското првенство во фудбал, што создава единствена можност да се искористи моќта на фудбалот за целиот свет да се обедини и да се потсети дека кога станува збор за правата на децата – може да има само еден тим.
Партнерството опфати заедничка мултимедијална кампања под мотото „Еден тим за детските права“ со фудбалери од државната репрезентација и деца од различно потекло, со заедничко испраќање позитивни пораки за еднаквост и инклузија на секое дете.
Децата заедно со фудбалерите поставуваат важни прашања
Разговори помеѓу деца и фудбалери околу теми како што се еднакви можности, квалитетно образование, ментално здравје и здрава животна средина.
На пријателските фудбалски натпревари во Скопје, децата со порака за поправедно и поинклузивно општество
На пријателските фудбалски натпревари помеѓу Северна Македонија и Финска (17 ноември) и Северна Македонија и Азербејџан (20 ноември), децата придружници на фудбалерите носеа маици по повод Светскиот ден на детето со порака за поправедно и поинклузивно општество.
Децата преземаа пријателски фудбалски натпревар за Светскиот ден на детето
По повод Светскиот ден на детето УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија организираа пријателски фудбалски натпревар на кој „децата го преземаа теренот“. На натпреварот играа деца, професионални фудбалери од националната репрезентација, фудбалери од Специјалната Олимпијада и високи функционери.
Следете нè на социјалните мрежи