Еден тим за детските права

На пријателските фудбалски натпревари во Скопје, децата со порака за поправедно и поинклузивно општество

17 Ноември 2022
Children on a football pitch wearing World Children's Day branded t-shirts
UNICEF/North Macedonia/2022

Скопје, 17 ноември 2022: Во рамите на партнерството помеѓу УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија, на пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу Северна Македонија и Финска (17 ноември) и Северна Македонија и Азербејџан (20 ноември), децата придружници на фудбалерите ќе носат маици по повод Светскиот ден на детето со порака за поправедно и поинклузивно општество.

Ова е прва активност што УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија ја организирааат како дел од нивната заедничка кампања со која се одбележува Светскиот ден на детето и се промовираат детските права. Слоганот “Сите сме еден тим“ е повик сите да се здружиме за детските права.

Светскиот ден на детето кој се одбележува секоја година на 20 ноември, ги истакнува најважните прашања кои влијаат врз животот на децата и го поддржува учеството на децата и младите како застапници на своите сопствени права. Оваа година, Светскиот ден на детето се паѓа на истиот ден со официјалниот почеток на ФИФА Светското првенство во Катар 2022 година и на тој начин дава ретка можност детските прашања да се најдат на врвот од глобалната агенда.

Во Северна Македонија кампањата по повод Светскиот ден на детето ќе кулминира на 21 ноември со фудбалски натпревар на кој децата “ќе го преземат теренот“ и ќе играат со фудбалери од националната репрезентација, фудбалери од Специјалната Олимпијада и високи функционери. Овој фудбалски натпревар ќе го насочи вниманието кон прашања што им се важни на децата - еднакви можности, квалитетно образование, здрава животна средина и ментално здравје за секое дете.

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebookInstagram и YouTube.