Еден тим за детските права
Децата го преземаа теренот на пријателски фудбалски натпревар, со повик сите да се здружат за правата на децата

Скопје, 21 ноември 2022 г.: По повод Светскиот ден на детето УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија организираа пријателски фудбалски натпревар на кој „децата го преземаа теренот“. На натпреварот играа деца, професионални фудбалери од националната репрезентација, фудбалери од Специјалната Олимпијада и високи функционери.
“На овој ден сите ние возрасните заедно со децата се потсетуваме кои ни се приоритетите, каде треба го насочиме погледот, што сакаме да постигнеме за да обезбедиме безгрижно детство за сите деца, а секако и подобра иднина и можности за развој,“ рече премиерот Димитар Ковачевски. “Светскиот ден на детето е нашиот потсетник за обврските што како општество ги имаме кон нашите деца, особено кон оние чија положба е многу чувствителна.“
“Секое момче и девојче, без оглед на својата физичка и интелектуална способност, своето етничко потекло или финансиската состојба на семејството, ги имаат истите права, и сè додека преземаме активности за унапредување на детските права, мора дополнително да се залагаме да не се пропушти ниту едно дете поради попреченост, сиромаштија, етничка припадност или пол,“ рече претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани. “Заштитата на правата на секое дете – без оглед на тоа кое е и од каде доаѓа – е важна за децата денес, но исто така е и најдобриот начин да се изгради помирен, попросперитетен и праведен свет за сите.“
Светскиот ден на детето кој се одбележува секоја година на 20 ноември, ги истакнува најважните прашања кои влијаат врз животот на децата и го поддржува учеството на децата и младите како застапници на своите сопствени права. Оваа година, Светскиот ден на детето се паѓа на истиот ден со официјалниот почеток на ФИФА Светското првенство во Катар 2022 година и на тој начин дава ретка можност детските прашања да се најдат на врвот од глобалната агенда.
Натпреварот е дел од заедничката кампања на УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија, под слоганот „Сите сме еден тим“, со која се повикува сите да се здружат за правата на децата.
“Фудбалот значи ширење на пријателство, еднаквост и промовирање на здрав начин на живот и спортска култура. Ве охрабруваме сите млади активно да се вклучите во активности кои ја пренесуваат пораката за присуство на пријателство и еднаквост на спортските терени, но и во секојдневниот живот, “ рече директорот на националната фудбалска репрезентација, Дени Масев.
На настанот присуствуваа деца, наставници, министри, амбасадори, јуниорски фудбалски тимови и фудбалери од Специјалната Олимпијада. Настанот го модерираа Кика, Филип, Анастасија и Миха, деца од ТВ-серијата „Дајте музика“, кои ја претставуваа Северна Македонија на детскиот евровизиски натпревар.
Светскиот ден на детето е годишен ден со кој се повикува на акција за да се привлече вниманието на прашања важни за децата и да се создаде поправичен, инклузивен свет за секое дете. УНИЦЕФ и партнерите апелираат до целото општество да ги поддржат активностите за поддршка на:
- Квалитетна здравствена грижа, за секое дете која опфаќа обезбедување пристап до квалитетна здравствена грижа и исхрана за секое дете, како и заштита од болести што можат да се спречат со вакцинација.
- Квалитетно и инклузивно образование, за секое дете вклучувајќи зголемени инвестиции и подобрена ефикасност и правичност во трошењето за образование со цел да му се помогне на секое дете да се здобие со вештини од 21 век, а и да им се даде поттик на децата да израснат во луѓе што ќе ја преобразат економијата и општеството.
Менталното здравје и благосостојба на децата и младите , вклучувајќи воспоставување програми кои го унапредуваат менталното здравје и благосостојбата во училиштата и заедницата, за секое дете да има детство какво што заслужува и на кое има право. - Здрава животна средина, вклучувајќи создавање простор за децата и младите да играат главна улога во осмислувањето климатски активности и во обезбедувањето решенија за еколошките предизвици со кои се соочуваме денес.
Фер шанса за секое дете, вклучувајќи активности за справување со дискриминацијата и исклучувањето, за да не се запостави ниту едно дете поради попреченост, сиромаштија, етничка припадност или пол.
Контакти за медиуми
За УНИЦЕФ
УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.
За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.
Следете го УНИЦЕФ на Twitter, Facebook, Instagram и YouTube.