Светски ден на детето
Светскиот ден на детето е ден за акција од децата за децата на глобално ниво, што се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето
Светскиот ден на детето е ден за акција од децата за децата на глобално ниво, што се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето.
„Децата преземаат“ е клучна компонента од одбележувањето на Светкиот ден на детето и манифестација на нашата посветеност на детските права и учество, преку обезбедување платформи каде што децата можат да ги изразат своите идеи, ставови и барања кон носителите на одлуки со цел креирање иднина во која правата на секое дете се заштитени и исполнети.
„Децата преземаат“ настани организирани од УНИЦЕФ во соработка со владини институции и партнери
Светски ден на детето 2019 - Децата ја преземаат Владата
Над 80 деца и млади учествуваа во Владата на владина средба на високо ниво „За децата, од децата“ каде шест млади говорници ја презедоа дискусијата, повикувајќи на поголема акција за заштита и промовирање на правата на децата.
Светски ден на детето 2020 - Квалитетно образование по КОВИД-19
Шест млади застапници учествуваа на средба на високо ниво “За децата, од децата“ на која се зборуваше на една од најитните теми: како да се преосмисли иднината на образованието и да се создаде уште подобро образование по КОВИД-19.
Светски ден на детето 2021 - Преосмисли иднина за секое дете и за секој млад човек
Tројца млади говорници го заземаа централното место на настанот под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија да ги претстават Младинските повици за акција кон носителите на одлуки фокусирани на три теми: квалитетно образование, животна средина и квалитет на живот
Светски ден на детето 2022 - Еден тим за детските права
УНИЦЕФ и Фудбалска федерација на Македонија склучија партнерство околу заедничка кампања „Еден тим за детските права“ која кулминираше со пријателски фудбалски натпревар меѓу деца, фудбалери од националната репрезентација, играчи од Специјална Олимпијада и владини претставници.
Светски ден на детето 2023
УНИЦЕФ и Собранието на Северна Македонија организираа настан “Децата го преземаат Собранието“ на кој децата и младите пред народните избраници ги претставија своите најгорливи прашања, потреби и гледишта
Светски ден на детето 2024 - Слушнете ја иднината
Под слоганот „Слушнете ја иднината“, околу 45 деца и адолесценти предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени.
Ресурсите подолу содржат повеќе информации за тоа како овие трендови влијаат врз детските права и нивната иднина.
- Општ коментар 26 на Комитетот за правата на детето на Обединетите Нации за Детските права и животната средина со посебен фокус на климатските промени
- Водич за вештачка интелигенција за тинејџери
Повиците за акција кои децата и младите ги презентираа на настанот се сумирани во документот подолу.