Како си? Навистина.
Твоето ментално здравје и благосостојба се важни.
Твоето ментално здравје е важно! Менталното здравје има голем удел во општата благосостојба.
Сите поминуваме низ тешки периоди и нормално е понекогаш да се чувствуваш напнато, осамено и разочарано, но ако овие чувства траат предолго, можат да влијаат врз твоето ментално здравје.
Не е секогаш лесно да се зборува за чувствата, а стигмата и стравот дека нема да бидеме разбрани од другите, го отежнува разговорот уште повеќе.
Треба да се знае дека доброто ментално здравје е процес. Без оглед дали се соочуваш со секојдневни предизвици или со еден проблем, најважните чекори што може да ги направиш за да се чувствуваш подобро е да побараш поддршка и добро да се грижиш за себе.
Да ја разбиеме стигмата: да започнеме со еден момент, со еден разговор, со едно прашање: Како си? Навистина.
Биди дел од промената.
Се чувствуваш нервозно или напнато?
Не си расположен/а?
Се чувствуваш преморено и на сè гледаш црно?
Имаш чувство на потиштеност или тага?
Ако твојот одговор е да, не си сам/а.
Менталното здравје и благосостојба може да влијаат врз многу области од твојот живот, и во ред е да зборуваш за тоа.