КОВИД-19

Што треба да знаеш за вирусот за да се заштитиш себе и својата фамилија

Boy in a classroom wearing a mask with stars and holding a pen
UNICEF/2020/Pappas

Сите зборуваат за болеста која ја предизвикува корона вирусот (КОВИД) и насекаде може да се најдат информации за вирусот и како да се заштитите од него. Клучното нешто за да бидете правилно подготвени и за да можете да се заштитите себеси и своите сакани е да ги знаете фактите. За жал во јавноста се пласираат многу информации кои не се точни. Ширењето дезинформации во време на здравствена криза прави луѓето да бидат незаштитени и поподложни на болеста, а дополнително шири страв и стигматизација.

Осигурајте се дека информациите ги добивате од доверливи извори, на пример Министерството за здравство, Институт за јавно здравје, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација. УНИЦЕФ непрекинато работи заедно со глобални здравствени експерти за да обезбеди точни информации. Информациите на кои можете да им верувате се базирани на најновите научни докази. Ќе продолжиме да обезбедуваме најнови информации, објаснувања за родители и наставници и ресурси за медиумите за најновите информации кои стануваат достапни, така што проверувајте ја оваа страница и информирајте се за најдобрите начини како да се заштитите себеси и своето семејство.

Може да го проверите и HealthBuddy+, мобилна апликација изработена од регионалните канцеларии на УНИЦЕФ и СЗО, достапна на македонски и на албански јазик благодарение на финансиската поддршка од УСАИД.  Таа дава пристап до најновите информации врз основа на податоци за КОВИД-19 и за вакцините против КОВИД-19. Преземете ја апликацијата од Apple и Google Play за да комуницирате со чатботот, да пријавите гласини и да учествувате во анкети - сето тоа на дофат на рака. 

Помогнете и вие во борбата против дезинформациите за КОВИД. Споделете ги овие информации со своето семејство, пријатели и колеги за да се осигураме дека сите ги имаат овие факти за КОВИД и дека можат да го заштитат своето здравје.

Ментално здравје и благосостојба

22 Април 2020

Нова телефонска линија за поддршка на родителите и старателите

Посетете ја страницата

Емоционалната благосостојба во време на КОВИД-19

Платформа за искрено поврзување на децата, младите и родителите во услови на неизвесност

Посетете ја страницата

Менталното здравје и благосостојбата на децата и семејствата

Менталното здравје и благосостојбата на децата и семејствата погодени од КОВИД 19

Посетете ја страницата

6 стратегии за тинејџерите

Како тинејџерите да си го заштитат менталното здравје за време на корона вирусот (КОВИД-19)

Посетете ја страницата

Лекцијата што ќе ја научиме од оваа пандемија

Младите репортери на УНИЦЕФ ја споделуваат лекцијата која тие ја научија за времето поминато во КОВИД-19 пандемијата.

Прочитајте ја приказната
HealthBuddy+