Што треба да знаете за вакцините против КОВИД-19

Одговори на најчестите прашања за вакцините против корона вирусот

Photo of vaccine administered
UNICEF/UN0426647/Uvarov

Февруари, 2022

 

Вакцините против КОВИД-19 се клучни алатки кои ќе помогнат да се стави пандемијата под контрола, во комбинација со ефективно тестирање и со почитување на превентивните мерки. Вакцините спасуваат милиони животи секоја година. 

Ние ги собравме најновите стручни информации за да одговориме на некои од најчестите прашања во врска со вакцините против КОВИД-19. Континуирано проверувајте ја оваа статија бидејќи ќе ја ажурираме кога ќе станат достапни повеќе информации. 

Што треба да знаете за вакцините против КОВИД-19

Вакцините го учат нашиот имунолошки систем да создава специфични антитела против вирусите и бактериите или нивните токсини кои предизвикуваат болести. На тој начин, вашето тело се опремува за борба против нив, дури и без претходно да се разболите. Така, кога телото ќе наиде на вируси или бактерии против кои се направени вакцини, тоа веќе знае како да ги победи. 

Да, тие мора да поминат низ ригорозни тестирања во клинички испитувања за да се докаже дека ги исполнуваат меѓународно договорените стандарди за безбедност и ефикасност. Само ако ги исполнува овие стандарди, вакцината може да добие потврда од СЗО.

Научниците успеаја да развијат безбедни и ефикасни вакцини за релативно краток временски период како резултат на комбинација на фактори кои им овозможија да го зголемат истражувањето и производството без да ја загрозат безбедноста: 

  • Како резултат на глобалната пандемија, имаше поголем примерок за проучување и се пријавија десетици илјади волонтери
  • Напредокот на технологијата (како мРНК вакцините) што се подготвуваше со години
  • Владите и другите тела се здружија за да ја отстранат пречката за финансирање на истражувањето и развојот 

Развиени се или се развиваат неколку видови вакцини против КОВИД-19, вклучувајќи:  

  • Вакцини со деактивирани или ослабени вируси, кои користат деактивирана или ослабена форма на вирусот за да не предизвика болест, но сепак предизвикува имунолошки одговор.
  • Вакцини врз основа на протеини, кои користат безопасни фрагменти од протеини или протеински обвивки кои го имитираат вирусот на КОВИД-19 за безбедно да се предизвика имунолошки одговор.   
  • Вирусни векторски вакцини, кои користат безопасен вирус кој ги носи протеините на корона вирусот за безбедно да се предизвика имунолошки одговор.
  • Вакцините со нуклеинска киселина (мРНК) користат генетски модифицирана РНК за да се создаде протеин којшто самиот безбедно го поттикнува имунолошкиот одговор. 

Не. Ниту една од сегашните вакцини не содржи жив вирус што предизвикува КОВИД-19. Ова значи дека вакцината не може да нè разболи од КОВИД-19. Благите симптоми пријавени од вакцинирани лица (болка, црвенило на кожата на местото на инјектирање, главоболка и покачена телесна температура) се само доказ дека вашиот имунолошки систем е активиран. 

Вакцините се создадени за да ви обезбедат имунитет без опасност да се добие болеста. Не сите ги имаат, но по вакцинацијата вообичаени се некои благи до умерени несакани ефекти кои исчезнуваат сами по себе во рок од неколку дена, како што се:

  • Болка во раката на местото на инјектирање
  • Благо покачена телесна температура
  • Замор
  • Главоболки
  • Болки во мускулите или зглобовите
  • Треска
  • Дијареја

Можете да се справите со сите несакани ефекти со одмор, хидратација и лекови против болка и покачена температура, доколку е потребно.

Доколку некои симптоми траат повеќе од неколку дена, тогаш советувајте се со вашиот матичен лекар. Посериозните несакани ефекти се исклучително ретки, но ако имате потешка реакција, веднаш контактирајте со вашиот лекар.

Ако имате какви било прашања во врска со тоа дали треба да примите вакцина против КОВИД-19, разговарајте со вашиот матичен лекар. Во моментов, лицата со следните здравствени состојби не треба да примат вакцина против КОВИД-19 за да се избегнат можните негативни ефекти:

  • Ако имате историја на тешки алергиски реакции на која било состојка од вакцината против КОВИД-19.
  • Ако во моментот сте болни или имате симптоми на КОВИД-19 (иако можете да се вакцинирате по закрепнувањето и според препораките на националните власти).

Вакцините против КОВИД-19 може да се дадат на лица со хронични здравствени состојби под услов да немале тешка или директна алергиска реакција на некоја од состојките во вакцината.  Таа силно се препорачува како приоритет за лица со коморбидитети како што се хронични респираторни заболувања, хронични кардиоваскуларни заболувања, дебелина и дијабетес за кои е утврдено дека го зголемуваат ризикот од тешка манифестација на КОВИД-19 и хоспитализација. 

Повеќето вакцини налагаат повеќе од само една доза. Ако се препорачува втора доза (или повеќе), целта е да се зајакне имунолошкиот систем за оптимална и подолга заштита. Секогаш е најдобро да се примат сите препорачани дози во препорачаното време. Ако примањето на втората доза не сакајќи се одложи, треба да се даде што е можно поскоро потоа, во согласност со упатствата на производителот.

Ревакцинацијата со бустер доза е важна, вклучително и во контекст на Омикрон, особено за лица со висок ризик од тешка манифестација на болеста, како што се постари лица или лица со фактори на ризик поради хронични заболувања, како и здравствените работници.

Важно е да се вакцинирате веднаш штом ќе ви дојде редот, дури и ако веќе сте прележале КОВИД-19. Вакцините нудат посигурна заштита од природниот имунитет. Вакцинирањето е побезбеден начин да развиете имунитет од KОВИД-19 отколку да се заразите.

Според извештаите на СЗО, невакцинираните луѓе имаат најмалку 10 пати поголем ризик од смрт од KОВИД-19 отколку некој што бил вакциниран. Исто така, постојат докази дека вакцинирањето може да помогне да се спречи ширењето на вирусот, па со тоа се штитат и луѓето околу вас. Вакцините против КОВИД-19 се многу ефикасни, но ниту една вакцина не обезбедува апсолутна заштита. Некои луѓе сепак ќе се разболат од КОВИД-19 по вакцинацијата или ќе го пренесат вирусот на некој друг.  Затоа е важно да продолжите да ги применувате безбедносните мерки на претпазливост за да се заштитите себеси и другите, вклучително и избегнување  преполни места, одржување  физичко растојание, миење раце и носење маска.

Вакцините против КОВИД-19 се многу ефикасни против сериозни симптоми на болеста и смрт, но ниту една вакцина не е 100% ефикасна. Одреден број вакцинирани луѓе може да се заразат со КОВИД-19, а тоа се нарекува инфекција и покрај примена вакцина. Во такви случаи, луѓето имаат многу поголема веројатност да имаат само поблаги симптоми. Нивната заштита од сериозна манифестација на болеста и смрт и понатаму е силна.

Сè уште е во тек истражувањето за да се утврди колку долго обезбедуваат заштита вакцините против КОВИД-19. Според СЗО, повеќето луѓе имаат силна заштита од сериозна манифестација на болеста и смрт најмалку шест месеци. Овој имунитет може да се намали побрзо кај некои луѓе, вклучително и кај постарите возрасни групи и оние со хронични здравствени состојби. Затоа се препорачува ревакцинација со бустер доза.

Во тек се истражувања за потенцијалното влијание на варијантата Омикрон врз ефикасноста на вакцините против КОВИД-19. Информациите се сè уште ограничени, но можно е да има намалување на ефикасноста на вакцините против тешки болести и смрт, како и пад во спречувањето на благи болести и инфекции. Согласно досегашните информации на СЗО, се чини дека достапните вакцини сепак нудат значителна заштита од тешки болести и смрт.

Важно е да се вакцинирате за да се заштитите и од другите варијанти кои се присутни. Ревакцинацијата со бустер доза е важна особено за лица со висок ризик од тешка манифестација на болеста, како што се постари лица или лица со фактори на ризик поради хронични заболувања, како и здравствените работници.

Не.  Дури и вакцините наречени мРНК не ја менуваат, ниту било како содејствуваат со вашата ДНК.  Вакцините мРНК им даваат инструкции на нашите клетки како да направат протеин којшто активира имунолошки одговор и потоа веднаш се раствора. Со ова се гради имунитет против вирусот кој предизвикува КОВИД-19. На тој начин, мРНК (т.е. инструкциите) од вакцината воопшто не влегува во јадрото на клетката каде што се наоѓа нашата ДНК.  

Сè поголем број вакцини сега се одобруваат за употреба кај децата, па затоа е важно да се информирате за упатствата од националните здравствени власти. Вакцините и на Модерна и на Фајзер се одобрени од СЗО за употреба кај деца на возраст од 12 години и повеќе.

Во овој момент, СЗО препорачува земјите да ги вакцинираат децата само кога ќе се постигне висока покриеност на вакцинација со две дози кај групите со повисок приоритет. Децата и адолесцентите имаат поблага манифестација на болеста во споредба со возрасните, па освен ако не се дел од некоја група со поголем ризик од тешка манифестација на КОВИД-19, не е толку итно да се вакцинираат за разлика од постарите луѓе, оние со хронични здравствени состојби и здравствените работници.

Потсетете ги вашите деца дека е важно сите ние да преземаме мерки на претпазливост за да се заштитиме едни со други, како што се избегнување  преполни места, одржување  физичко растојание, миење раце и носење маска. Од клучно значење е децата да продолжат да примаат редовна вакцинација. Прочитајте како тоа да го направите безбедно. 

Прочитајте ја нашата статија со објаснувања која ќе ви помогне да ја објасните оваа тема која може да биде комплицирана со зборови кои се едноставни и ќе ги смират децата.

Да, ако доите треба да ја примите вакцината. Многу е безбедна и нема никаков ризик за мајката или за бебето. Ниту една од сегашните вакцини против КОВИД-19 не содржи жив вирус, така што не постои ризик да го пренесете КОВИД-19 од вакцината на вашето бебе преку мајчиното млеко. Всушност, антителата што ќе ги создадете по вакцинацијата може да поминат низ мајчиното млеко и да помогнат да се заштити вашето бебе.


>>Прочитајте: Безбедно доење за време на пандемијата со КОВИД-19

 

Да, можете да се вакцинирате и ако сте бремена. Бременоста ви носи поголем ризик од тешка манифестација на болест во споредба со жените кои не се бремени. Иако има помалку достапни податоци, доказите за безбедноста на вакцините против КОВИД-19 за време на бременоста се зголемуваат и не се идентификувани никакви причини за загриженост поврзани со безбедноста. За повеќе информации за примање вакцина против КОВИД-19 за време на бременост, разговарајте со вашиот лекар.

>>Прочитајте: Одржување на бременоста за време на пандемијата со КОВИД-19

 

Некои жени имаат пријавено нарушување на менструалниот циклус откако се вакцинирале против КОВИД-19. Иако податоците сè уште се ограничени, истражувањето за влијанието на вакцините врз менструалниот циклус е во тек. Зборувајте со вашиот лекар ако сте загрижени или ако имате прашања поврзани со вашиот менструален циклус.

Безбедните и ефикасни вакцини направија значителна разлика, но дури и откако ќе се вакцинираме треба да продолжиме да преземаме мерки на претпазливост  за да се заштитиме себеси и другите. Најважното нешто што можете да го направите е да го намалите ризикот од изложеност на вирусот.

За да се заштитите себеси и вашите најблиски погрижете се:

  • Да носите маска
  • Да одржувате физичко растојание од другите на јавни места
  • Да избегнувате  непроветрени или преполни места
  • Да ги отворате прозорите за да ја подобрите вентилацијата во затворен простор
  • Редовно да ги миете рацете со сапун и вода
  • Да побарате навремена лекарска помошако вие или некој член од семејството има покачена телесна температура, кашлица или отежнато дишење

>> Прочитајте: Болеста што ја предизвикува корона вирусот (КОВИД-19): Што треба да знаат родителите 

Дезинформациите се еден од најголемите предизвици во борбата против КОВИД-19. Познавањето на фактите е клучно за правилно да се подготвите и да се заштитите себеси и вашите најблиски.  Затоа е важно да консултирате само сигурни извори кога барате информации и совети.  

Развојот на безбедни и ефикасни вакцини против КОВИД-19 е огромен чекор напред во нашите глобални напори да ставиме крај на пандемијата. Но сè уште има некои луѓе кои се скептични или се двоумат во однос на вакцините против КОВИД-19. Можно е и вие да познавате некој кој спаѓа во оваа категорија.

Разговаравме со д-р Саад Омер, директор на Институтот на Јеил за глобално здравје, за да ги слушнеме неговите совети за тоа како да ги водите овие разговори .


>> Прочитајте го интервјуто