Одржувањето на рутинската имунизација од витално значење за време на пандемијата со КОВИД-19 - СЗО и УНИЦЕФ

Соопштение за медиумите по повод одбележувањето на Европската недела на имунизација во 2020 година

22 Април 2020
Kinds hands clapping
UNICEFMK

ЖЕНЕВА/КОПЕНХАГЕН, 20 април 2020 година - Пандемијата со КОВИД-19 е сериозно потсетување дека заразните болести не знаат за граници. Сите земји се ранливи, без оглед на нивото на приход или цврстината на нивниот здравствен систем. Низ целиот европски регион, каде десетици милиони луѓе живеат затворени дома со недели, а над 100.000 луѓе починаа, брзината и разорноста на новиот корона вирус сосема го испревртеа животот.

Итната потреба од вакцина против КОВИД-19 ја потенцира клучната улога на имунизацијата во заштитата на животот и економијата. Додека научниците во светот работат на развивање вакцина против новиот корона вирус, а капацитетите на системите за здравствена заштита се напрегнати до максимум во одговор на КОВИД-19, националните програми за рутинска имунизација се посуштински од кога било досега. Владите низ целиот регион мора да ја искористат секоја потенцијална можност да ги заштитат луѓето од многуте болести за кои веќе постојат вакцини.


Кога ќе се пропуштат рутинските вакцини, се зголемува ризикот од појава на болести. Во 2018 година, околу 527 000 деца ја пропуштија првата доза од вакцината против мали сипаници во европскиот регион на СЗО. Една година подоцна во 2019 година, вирусот на мали сипаници ги покажа имунолошките пропусти во Европа, заразувајќи над 100 000 лица од сите возрасни групи. Заштитата на децата, адолесцентите и возрасните од болести што може да се спречат со помош на вакцина е задолжителна за одржливоста на здравствените системи.

„Знаеме дека ранливоста на заразни болести било каде е закана за јавното здравство насекаде“, рече г-а Афшан Кан, регионална директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија. „Од пресудна важност е рутинските програми за имунизација да продолжат и при оваа криза, истовремено соодветно заштитувајќи ги здравствените работници и лицата што примаат вакцина. Приоритет треба да биде опфаќање на најранливите деца кои ја пропуштиле рутинската имунизација.“

Доколку, во овие невидени времиња, локалните мерки за одговор на КОВИД-19 предизвикуваат привремени прекини на рутинските услуги за имунизација, земјите треба да испланираат нивно продолжување веднаш штом ситуацијата се стабилизира.

Земјите треба да бидат подготвени да ги вакцинираат оние со поголем ризик и да обезбедат сите, вклучително и најмаргинализираните, да имаат еднаков пристап до вакцината против КОВИД-19, кога таа ќе стане достапна.

Можеме да ги спречиме натамошните ефекти од КОВИД-19 врз нашите здравствени системи, така што ќе се погрижиме лицата од сите возрасти да се вакцинираат според националните програми. Ги повикувам државите да ги одржат услугите за имунизација и да ја поттикнат побарувачката за редовна вакцинација дури и во ова тешко време. Давањето предност на имунизацијата е една од моите четири приоритетни области и клучна за визијата на СЗО за здравјето во новата Европска програма на работа“, рече д-р Ханс Анри П. Клуж, регионален директор на СЗО за Европа.

СЗО и УНИЦЕФ ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на владите за зајакнување на програмите за имунизација, вклучително и преку стратешко планирање за рамноправно обезбедување имунизација, зајакнување на надзорот врз болестите што може да се спречат со вакцинирање, како и со ангажирање и едукација на заедницата.

Додека чекориме кон новата иднина, вакцините и натаму ќе служат како основа за здравјето и благосостојбата на сите. Токму преку солидарност, заедничко дејствување и неуморна заложба никој да не биде изоставен, можеме заедно да создадеме поздрава иднина.

 #ВакцинитеДелуваат

 

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги унапредува правата и благосостојбата на секое дете во сè што правиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја преточиме ваквата заложба во практична акција, концентрирајќи посебни напори врз досегање до најранливите и најисклучени деца, за доброто на сите деца, насекаде.
За повеќе информации околу УНИЦЕФ и неговата работа за децата, посетете ја www.unicef.org/eca

 

За СЗО

СЗО е орган во системот на Обединетите нации надлежен за јавно здравје. Регионалната канцеларија на СЗО за Европа (СЗО/Европа) е една од шесте регионални канцеларии на СЗО, кои заедно со седиштето во Женева обезбедуваат лидерство околу глобалните здравствени прашања, обликување на агендата за здравствени истражувања, поставување норми и стандарди и артикулирање опции за политики врз основа на докази. Исто така, таа им дава техничка поддршка на земјите-членки, ги следи и ги проценува здравствените трендови, финансира медицински истражувања и обезбедува итна помош при катастрофи.

За повеќе информации во врска со Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и за нејзината работа во поддршка на здравјето и благосостојбата на сите, посетете ја www.euro.who.int

 

 

За повеќе информации, контактирајте со:

Мелани Шарп, УНИЦЕФ, Европа и Централна Азија (Женева), +41 79834 7401 msharpe@unicef.org

Катарина де Кат, Програма за болести што се спречуваат со вакцини и имунизација, СЗО/Европа (Копенхаген), +45 4533 6907 reynendekatc@who.int

 

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebook, Instagram и YouTube.