Вакцините спасуваат животи

Прашај пред да претпоставиш. Верувај им на фактите.

Фотографија од д-р Ивана Дохчева и цитат
UNICEF/2021

Вакцините спасуваат милиони животи секоја година. Развојот на безбедни и ефикасни вакцини против КОВИД-19 е огромен чекор напред во нашите глобални напори да се стави крај на пандемијата и да се вратиме на правење повеќе работи во кои уживаме со луѓето што ги сакаме. Пандемијата на КОВИД-19 сериозно влијаеше врз животот на децата и младите, а процесот на имунизација ќе биде важен чекор кон закрепнување. Тоа значи дека децата ќе може да се вратат на училиште и да следат настава во училница и дека ќе се обезбеди сигурен и целосен пристап до виталните услуги на заштита и до здравствените услуги, вклучувајќи ја и редовната  вакцинација.

Вакцините против КОВИД-19 нудат надеж, и како што стануваат сè подостапни, мора да запомниме дека превентивните мерки како што се одржувањето физичко растојание, маските и хигиената на рацете треба да продолжат и по вакцинацијата.

Разговаравме со здравствени работници и стручњаци од оваа област за да добиеме одговори на некои од најчестите прашања околу вакцините.

Одлуките за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски се едни од најважните што ќе ги донесеме во животот. Правилните одлуки се носат врз основа на информации и факти. Кога станува збор за вакцините, за нас нема дилема. #ВакцинитеСпасуваатЖивоти


Нашите одлуки денес се поважни од кога било досега

Embedded video follows

Нормално е да имаме прашања, но одложувањето на имунизацијата не е одговорот. Зборувајте со вашиот лекар и верувајте им на фактите.


 

Embedded video follows

Како делуваат вакцините?

Д-р Катерина Ставриќ објаснува како вакцините нè штитат, но важно е да се запамети дека дури и по добивањето на вакцината, сè уште треба да продолжиме да ги следиме заштитните мерки - миење раце, дистанцирање и носење маска.

 

Embedded video follows

Дали вакцините против КОВИД-19 се безбедени бидејќи беа произведени во рекордно време?

Иако вакцините против КОВИД-19 беа развиени во рекордно време, системите за тестирање, оцена на резултатите и одобрување на вакцината не станаа помалку ригорозни во процесот. Разговаравме со д-р Дејан Докиќ, д-р Катерина Ставриќ и д-р Сеад Зејнел за безбедноста на вакцините против КОВИД-19.

Embedded video follows

Дали можам да им верувам на новите вакцини?

Вакцините се безбедни. Имаме во раце една од најважните алатки во историјата на медицината и човековото здравје. 

 

Embedded video follows

Дали вакцината против КОВИД-19 ќе ме зарази со вирусот?

Нормално е да имаме прашања. Д-р Ивана Дохчева објаснува зошто вакцината не може да не зарази со вирусот. 

Embedded video follows

Зошто треба да продолжиме да ги почитуваме мерките за заштита откако ќе се вакцинираме?

Ќе биде потребно извесно време за да се вакцинираат соодветен број луѓе и да се создаде колективен имунитет. Токму затоа е важно и откако ќе ја примиме вакцината, да продолжиме да практикуваме носење маски, физичко дистанцирање и миење раце. Д-р Милена Стевановиќ и д-р Ивана Дохчева објаснуваат повеќе во ова видео. 

 

Embedded video follows

Дали треба да се вакцинирам доколку имам прележано КОВИД-19?

На сите треба да им биде понудена вакцината за КОВИД-19, без оглед дали претходно биле заразени. Д-р Катарина Ставриќ објаснува зошто треба да се вакцинираме дури и ако претходно сме ја прележале болеста.

Embedded video follows

Зошто е добро да се вакцинираме?

Кога ќе решиме да се вакцинираме, се заштитуваме не само себе и своите најблиски туку и придонесуваме за побезбедна заедница и поздрава иднина за сите.

Embedded video follows

Зошто се шират толку невистини за КОВИД-19 и од каде потекнуваат?

Дезинформациите се еден од најголемите предизвици во борбата против КОВИД-19. Познавањето на фактите е клучно за правилно да се подготвиме и да се заштитиме себеси и нашите најблиски. Затоа е важно да консултираме само сигурни извори кога бараме информации и совети.

Фотографија од д-р Велимир Савески и цитат

Дали вие ​​или некој од вашето семејство сте во приоритетните групи за добивање вакцина против КОВИД-19? Придружете се на глобалната кампања на УНИЦЕФ ✌ за  #Вакцинирани и споделете што за вас значи добивањето вакцина.

📸 Фотографирајте се држејќи знак V, фластер или картичка за вакцинација (без да се гледаат вашите лични податоци).

🤳 Споделете ја сликата на социјалните мрежи и кажетени што значи вакцинацијата за вас.

✌ Користете ги хаштаговите #Vaccinated, #VaccinesSaveLives #ВакцинитеСпасуваатЖивоти и тагнете го @UNICEFMK за да добиете можност да бидете претставени