Менталното здравје и благосостојбата на децата и семејствата погодени од КОВИД 19
Кога времињата се тешки, нормално е децата и другите членови на семејството да покажуваат силни реакции како на пример чувство на тага, нервоза или збунетост...

- Достапно на:
- English
- Македонски
Кога времињата се тешки, нормално е децата и другите членови на семејството да покажуваат силни реакции како на пример чувство на тага, нервоза или збунетост, нарушување на сонот, физички реакции и страв од непознатото. Продолжениот стрес може да доведе до проблеми со менталното здравје и долгорочни последици врз функционирањето и одбранбениот капацитет како на децата, така и на старателите.
Секој реагира различно. Некои родители може веднаш да создадат нова домашна рутина, некои може да се мачат балансирајќи ги работните и домашните обврски. Некои деца може да чувствуваат длабока тага или лутина, други може да се повлечат или да се однесуваат како ништо да не се случува.
Да се биде родител е секојдневен предизвик, а соочувањето со реалноста на КОВИД 19, социјалното дистанцирање и самоизолацијата може да претставуваат вистинска мака. За родителите, најдобар начин да им помогнат на своите деца е најпрвин да се погрижат за себеси. Грижата за себе во овие времиња не значи себичност, бидејќи им овозможува на старателите да бидат покрај своите деца како стабилни, смирени и успокојувачки родители. Ако внимаваат на себе, родителите ќе можат и подобро да ги разберат и да ги утешат децата, помагајќи им да се опуштат и да го задржат вниманието.
Едно нешто што нѐ поврзува сите е тоа што сите минуваме низ оваа криза заедно и правиме сé за да се прилагодиме на новата реалност. Фокусот и посветеноста врз менталното здравје и благосостојбата на децата и старателите се исто толку важни колку што се и мерките на претпазливост против вирусот. Сите сме заедно во ова.

Прашања, одговори и совети за тинејџери:
Секојдневието носи различни предизвици, а во моментов сите ние се соочуваме и со една несекојдневна ситуација за која имаме многу прашања и несигурности. Со неа треба да се справиме заеднички. Дали имаш прашања за пандемијата? Сакаш да добиеш некој совет? Чувствуваш вознемиреност или збунетост? Можеби само сакаш да си го смениш фокусот и да поразговараш со некој. Јави се на 072 912 676 за да споделиш се што сакаш со еден од психолозите кој е тука за вас од 9 часот наутро до 19 часот.

Прашања, одговори и совети за деца:
Драги деца, сигурно сте многу љубопитни и имате тон прашања за моменталната ситуација и вирусот. Можеби сте загрижени за училиште, ви недостасува дружбата со врсниците, или пак ви недостасува играта надвор? Можеби ви е необично што целиот ден го поминувате во домот? Без разлика што сакате да споделите или прашате, детската линија за прашања, одговори и совети е отворена за вас! Јавете се на 072 912 676 од 9 часот наутро до 19 часот секој работен ден.

Прашања, совети и одговори за родители на деца и тинејџери:
Лесно е да се преоптоварите со сѐ што слушате за корона вирусот (КОВИД-19) во моментов. Исто така, разбирливо е и вашите деца да се вознемирени. На децата им е тешко да го сфатат она што го гледаат на интернет или на телевизија - или што го слушаат од другите луѓе - па може да бидат особено подложни на вознемиреност, стрес и тага. Со затворањето на училиштата и со откажаните настани, многу тинејџери се лишени од некои најкрупни моменти во својот млад живот.
Имате прашања како може да разговарате со вашето дете, како може да го утешите или нешто да му објасните? Јавете се на 072 912 676 од 9 часот наутро до 19 часот секој работен ден за да поразговарате со еден психолозите кои се тука за вас.
Доколку пак имате дете кое е веќе во своите тинејџерски денови јавете се на 072 912 676 од 9 часот наутро до 19 часот секој работен ден за да поразговарате со еден психолозите кои се тука за вас.

Прашања, совети и одговори за родители на деца со попреченост:
Да се биде родител е секојдневен предизвик, но да се биде родител во услови на пандемија е несекојдневен предизвик за кој никој не е подготвен. Разбирливо е да се чувствувате несигурно, на многу прашања да немате одговор, да се чувствувате загрижено, а поддршката која инаку ја добивате да е помала. Ве интересираат специфични техники кои би можеле да ги употребувате дома со вашето дете? Или пак имате прашања за тоа како се справите со одредена ситуација? Можеби само сакате да поразговарате со некој и да споделите како се чувствувате. Без разлика што сакате да споделите или прашате, јавете се на 072 912 676 од 9 часот наутро до 19 часот секој работен ден за да поразговарате со еден од специјалните едукатори кои се тука за вас.