Активности за учење преку игра за деца на возраст од 3 до 10 години
Помогнете им на децата да продолжат со учење дома
- English
- Македонски
Со привременото затворање на училиштата и градинки, активности за учење преку игра можат да им помогне на децата да продолжат со учење дома. Ова листа на активности нуди можност за игра, учење, креативно изразување и најважно од сè, убаво и квалитетно поминато време меѓу вас и вашите деца.
Материјалите се приспособени од активности кои едукатори ширум државата ги подготвија за националната веб-платформа за образование во рамки на инициативата Inno4Edu „Создавање средина за квалитетна настава и учењето преку ко-креирање и иновации“.
Нова дигитална платформа со видео-настава и активности за учење преку игра сега се достапни на http://eduino.gov.mk/
Среќно огледало: Активност за во домашни услови наменета за учење на математичките форми круг, квадрат и триаголник. Им помага на децата на возраст од 4 до 6 години да ги развијат вештините на истрајност, забележување и фокусираност. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и албански јазик.
Бинго: Активност со картички за деца на возраст од 4 до 6 години за поттикнување на истрајноста при процесите на учење и откривање. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и албански јазик.
Весели форми: Преку игри со изработка на геометриски форми, оваа активност ќе им помогне на децата на возраст од 4 до 6 години да ја развијат својата самодоверба и ќе ги поттикне да воочуваат, препознаваат и именуваат круг, квадрат, триаголник и правоаголник. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и албански јазик.
Весело тркало: Интерактивна игра за деца на возраст од 4 до 6 години преку која вежбаат истрајност и учат подредување според форма, боја и големина. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и албански јазик.
Ѕвезди и бројки: Игра во која може да се вклучат и други членови на семејството наменета за деца на возраст од 4 до 6 години. Пркеу оваа активност го учат поимот за количина и развиваат истрајност. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и албански јазик.
Компас: Преку оваа игра децата на возраст од 8 до 10 години се поттикнуваат да користат именки, придавки, глаголи и броеви и да ја јакнат својата самодоверба. Во играта може да се вклучат и други членови на семејството. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и албански јазик.
Мешаме бои: Оваа активност за деца на возраст од 4 до 6 години се состои во мешање бои од кои се добиваат секундарни бои. Играта има за цел да го поттикне детето до крај да ја спроведе активноста и да се стекне со истрајност во процесот на учење и откривање. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и на албански јазик.
Мојата магнетна приказна: Оваа активност е наменета за деца на возраст од 4 до 6 години и се состои од составување приказна со употреба на шаблони од ликовите од приказната. Играта ја поттикнува фантазијата на детето преку создавање нови идеи и оригинални решенија. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и на албански јазик.
Овошна математика: Активноста е за деца на возраст од 6 до 8 години и овозможува примена на стратегии за пресметување и решавање математички проблеми. Помага да ја развијат самодовербата и го поттикнува љубопитството. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и албански јазик.
Од буква до збор: Преку составување зборови според одредена слика децата на возраст од 6 до 8 години учат како правилно да ги подредат буквите во зборовите. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и на албански јазик.
Правиме сладолед: Со правење кутија за сладолед и ставање топчиња со соодветната боја децата на возраст од 3 до 6 години ја развиваат способноста за изнаоѓање на сопствени пристапи во решавање проблематични ситуации. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и на албански јазик.
Препознај ги емоциите: Преку сечење и лепење различни емотикони детето учи да распознава емоции според изразот на ликот. Оваа игра е наменета за деца на возраст од 4 до 6 години. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и на албански јазик.
Приказна за разиграното пајаче: Оваа активност за деца на возраст од 3 до 6 години се состои од фаќање и фрлање преку игра со пајачето и помага детето да ги развие особините на истрајност и љубопитство. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и албански јазик.
Разиграна сложувалка: Децата на возраст од 6 до 8 години преку оваа игра ќе се оспособат за примена на математичките операции множење, делење, собирање и одземање. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и албански јазик.
Разиграни форми: За деца на возраст од 4 до 6 години. Играта има за цел да го поттикне детето да ги воочува и да ги именува геометриските форми и бои. Симнете ги насоките за игра и прилозите на македонски и албански јазик.
Друштвото Приборовски: едукативна игра за деца која преку три мини игри од различни области и науки, математика и ликовна уметност, доделува задачи кои дечињата активно треба да ги завршат со цел да освојат нова планета во универзумот на знаење. Симнете ги насоките за играта на македонски и албански јазик.
Секојдневните моменти се за учење: интерактивни активности за деца на пред-школска бозраст. Забавни начини како секојдневните моменти да се претворат во моменти кога детето учи нешто. Симнете листата активности на македонски и албански јазик.
Inno4Edu е иницијатива на УНИЦЕФ финансирана од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование, а имплементирана од СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.