Млади репортери на УНИЦЕФ
Волонтерите на УНИЦЕФ заеднички креираат иницијатива од млади за млади
- English
- Македонски
Млади репортери на УНИЦЕФ е волонтерска иницијатива која поврзува млади луѓе и им нуди несекојдневна можност да ги изразат своите видувања, да споделат искуства, да стекнат знаења и вештини и да бидат пример на адолесценти и млади кои преземаат позитивни акции и ефикасно учествуваат во развојните процеси на нивните заедници.
„Моето досегашно искуство како млад репортер на УНИЦЕФ е беспрекорно. За првпат чувствувам дека моето мислење се слуша и прави разлика“, Матеј 16
UNICEF Young Reporter Blogs during COVID-19
„Како млад репортер на УНИЦЕФ имам шанса да научам повеќе за медиумска писменост, пишување блогови и креирање видеа. Навистина ми е забавно и ме радува што мојот глас се слуша“, Дориса, 16
Младите репортери на УНИЦЕФ се среќаваат на неделно ниво и учествуваат во обуки за медиумска писменост, пишување блогови и написи, видео продукција и графички дизајн. Тие работат заедно и продуцираат мултимедијални содржини, вклучувајќи блогови, влогови, пишани написи и содржини за социјалните мрежи на теми важни за децата и младите.
Запознај ги нашите млади репортери
Дориса, 16
Бранислав, 15
Матеј, 16
Стефан, 19
Андријана, 25
Ева П., 15
Емир, 16
Лара, 17
Вероника, 16
Јана, 17
Кристијан, 17
Клара, 16
Ерблин, 16
Михаела, 15
Мариа, 15
Ана, 17
„Учествувам во различни активности кои несомнено ми отворија нови перспективи што досега немав можност да ги искусам. Вклучен сум во низа групни активности со дузина млади ентузијасти, претежно ученици, кои имаат неуморна амбиција да направат добро во овој свет“, Дени 21
Преку својата волонтерска иницијатива УНИЦЕФ вложува напори да ги поддржи и поврзе децата и младите, да им понуди шанса за учење, споделување знаење и искуства, создавање можности за нивно вклучување во изнаоѓањето решенија за предизвиците, подигнување на свесноста и преземање акции за унапредување на благосостојбата на сите деца. Работата на младите репортери за време на КОВИД-19 пандемијата делумно е финансирана од УСАИД.