#СадиСиДома #VolunteersForChildren иницијатива

Млади волонтери садат семиња надеж

Gardening challenge cover image
UNICEFMK
Logo gardening challenge

Дали понекогаш чувствуваш  анксиозност, осаменост или здодевност? Се чувстуваш ли исклучено и изолирано? Сакаш да научиш нешто ново, но немаш доволна мотивација? Придружи се на групата млади луѓе кои садат семиња надеж и шират позитивна енергија!

 

Иницијативата #СадиСиДома #VolunteersForChildren е предводена од млади луѓе, креирана да го поддржи менталното здравје на младите и нивното справувањето со самоизолацијата, преку поврзување со нивните врсници, ширење позитивна енергија и подигнување на еко-свесноста.

„Со оваа волонтерска иницијатива сакаме да направиме позитивно влијание врз менталното здрајве на младите и да создадеме можности за стекнување нови искуства и знаења.“ Исидора, 15 години

„Наспроти целата негативност што нѐ опкружува, ајде да направиме нешто позитивно! Градинарството нѐ прави посреќни, позитивни и нѐ ослободува од стрес и од анксиозност. Те предизивикуваме да посадиш нешто денес и да споделиш позитивна порака  со твоите пријатели и со твоето семејство.“ Теодора, 16 години

Запознај ги волонтерите лидери на #СадиСиДома:

Volonteri
UNICEFMK

Како волотнери лидери тие:

  • Го уредуваат, администрираат и водат Инстаграм профилот @sadisidoma на тој начин што истражуваат и креираат нови идеи и содржини.  
  • Ги координираат неделните предизвици базирани на своите истражувања, идеите и советите што ги добиваат од активаторите на #СадиСиДома
  • Подготвуваат и одржуваат дигитални работилници за поддршка на активаторите на #СадиСиДома, вклучувајќи и работилници со насоки како да почнат  #СадиСиДома предизвик, како да организираат  размени на расади, како да направат саксии од рециклирани материјали и други идеи за промовирање на емоционалната благосостојба и нула отпад.
  • Подготвуваат и дистрибуираат  пакувања со семиња и насоки за садење за активаторите на #СадиСиДома кои сакаат да се придружат, но ги немаат потребните материјали.
  • Креираат начини како да ги следат и мониторираат резултатите на активаторите на #СадиСиДома и како да им нудат тековна поддршка.
  • Комуницираат на неделно ниво со координаторот на волонтерите од УНИЦЕФ и учествуваат на дигитални состаноци.

 

Придружи се на мрежата волонтери активатори на #СадиСиДома!

(моментално има повеќе од 45 млади луѓе)

  • Вклучи се во дигиталните работилници и научи како да почнеш. Сподели совети како да се изгради мрежа на #СадиСиДома ентузијасти.
  • Започни #СадиСиДома предизвик во твојата заедница и круг на пријатели со садење семе/растение. Креирај и постирај видео или фотографии од твојата активност. Сподели позитивна порака и предизвикај ги другите да го направат истото користејќи хаштаг на #СадиСиДома и #VolunteersForChildren
  • Посади и сподели расад со пријатели или други кои би сакале да се вклучат.
  • Организирај размени или локални настани за споделување и донирање на растенија и промовирај ја каузата на оваа волонтерска иницијатива.
  • Сподели нови идеи, предлози и совети со лидерите на #СадиСиДома кои ќе бидат пренесени на пошироката мрежа на #СадиСиДома како успешни приказни од твоите активатори.
  • Сподели успешни приказни од твојата заедница.
  • Известувај ги лидерите на #СадиСиДома за твоите резултати.

 

Придружи се на мрежата волонтери активатори со испраќање порака на УНИЦЕФ координаторот на волонтери

 

 

 

#СадиСиДома, #VolunteersForChildren е иницијатива поддржана од УНИЦЕФ создадена од млади за млади за време на работилниците за креирање на волонтерската иницијатива „Волонтирање во време на КОВИД-19“. Таа е дел од пошироката волонтерска програма на УНИЦЕФ создадена да им помогне на младите да стекнат нови искуства и да развијат вештини кои може да се применат во пракса, како и да им отвори можности да ги искажат своите гледишта и да се вклучат во активности во заедницата за унапредување на правата и благосостојбата на децата.

Дел од активносите на #СадиСиДома се финансирани од УСАИД.