УНИЦЕФ волонтери
Волонтерската иницијатива на УНИЦЕФ
- English
- Македонски
Волонтерската иницијатива на УНИЦЕФ е одлична можност за младите да стекнат нови искуства, да развијат нови мултимедијални и вештини за пишување, организациски и комуникациски вештини, истражувачки и аналитички, како и вештини на решавање проблеми, тимска работа, лидерство, емоционална интелигенција и многу други. Волонтерите добиваат простор да ги изразат своите видувања, идеи и да се вклучат во активности за унапредувањето на правата и благосостојбата на сите деца и млади.
Можат да одберат во која група на волонтери ќе волонтираат.
Краток опис на активности на волонтерите на УНИЦЕФ
УНИЦЕФ волонтерите се клучен дел од различни волонтерски активности, акции и кампањи за унапредувањето на правата и благосостојбата на сите деца и млади. Нивната улога е да:
- поддржуваат кампањи за подигнување на свесноста за различни теми
- спроведуваат волонтерски активности во нивната заедница, вклучувајќи организирање на настани и креативни активности со деца.
- учествуваат во други активности за мобилизација на волонтери и промоција на правата и благосостојба.
Учествуваат во работилници за креирање на волонтерските иницијативи, ориентациона обука за волонтерство и други специјализирани обуки што ја поддржуваат волонтерската работа. Имаат директен контакт со ментори и ќе бидат дел од настани на УНИЦЕФ за вреднување на волонтерската работа и доделување сертификати.
Краток опис на активности на волонтерите млади репортери на УНИЦЕФ
Младите репортери на УНИЦЕФ креираат мултимедијални содржини на теми значајни за децата и младите, што се објавуваат на платформите на УНИЦЕФ. Нивната улога е да:
- работат со други волонтери млади репортери на УНИЦЕФ, да истражуваат и анализираат како различни проблеми влијаат врз децата и младите.
- продуцираат мултимедијални содржини вклучувајќи блогови, видеа, влогови, писмени написи и содржини за на социјалните мрежи.
Поминуваат ориентациона обука за волонтерство, обука за медиумска писменост, обука за активизам преку социјалните медиуми, обука за пишување блогови и написи, видео продукција и графички дизајн. Работат заедно со другите волонтери млади репортери на УНИЦЕФ и имаат директен контакт со ментори, а ќе бидат и дел од настани на УНИЦЕФ за вреднување на волонтерската работа и доделување сертификати.
Дознајте повеќе за тековните активности
Read more about the work of the UNICEF Volunteers
Најчесто поставувани прашања
Како да се пријавиш?
Периодот за аплицирање моментално е завршен. Следете ја нашата веб страница и нашите профили на социјалните мрежи за наредни повици.
Колку време ќе треба да одвојам за волонтирање?
Има многу можности да бидеш дел од волонтерската иницијатива на УНИЦЕФ. Идеално УНИЦЕФ волонтерите и УНИЦЕФ младите репортери би требало да бидат во можност да посветат најмалку 6 часа во месецот, притоа имајќи предвид дека програмата е прилагодлива со цел да не ти го попречува учењето во училиште или на факултет.
Ќе имам финансиски и/ или други придобивки?
Клучни придобивки од волонтирањето се личниот раст и развој и личното задоволство што ќе го добиеш од делувањето позитивно врз животот на децата, младите и заедницата. Исто така претставува шанса да развиеш нови вештини, да стекнеш нови пријателства и оствариш нови контакти. Иако нема да добиеш финансиска исплата, сепак УНИЦЕФ ќе те поддржи преку бесплатни обуки за градење на твоите лични капацитети и потребните средства за време на твојата волонтерска дејност. За твојот волонтерски ангажман ќе добиеш соодветен сертификат.
Треба ли да го владеам англискиот јазик?
Не. Англискиот јазик не е задолжителен. Во секој случај владеењето на говорниот и писмен англиски ќе се смета за предност.
Кого можам да го контактирам ако имам дополнителни прашања?
Доколку имаш дополнителни прашања слободно обрати се на Билјана Пејовска на следнава адреса: [email protected]