Истражување за знаењата, ставовите и практиките во врска со климатските промени и животната средина

Студијата го мери генералното знаење, ставови и практики на граѓаните од Северна Македонија поврзано со климатските промени и како истите влијаат врз општеството

Adolescent girl sitting in front of tree, looking at the camera and smiling
UNICEF/2018/Dimishkovski

Главни црти

Оваа студија го мери генералното знаење на граѓаните од Северна Македонија поврзано со климатските промени, вклучително и разбирањето и асоцијациите на самиот поим и како климатските промени влијаат врз општеството. Исто така ги мери ставовите кон климатските промени, особено нивото на загриженост за проблемот, ја мери перцепцијата на испитаниците за важноста на определени активности што може да бидат клучни во борбата за намалување на климатските промени како и нивната подготвеност да преземат акција и да бидат дел од решението на проблемот.  Истражувањето ќе се обиде да дознае кои практики но и активности се најчести кај граѓаните, како и да дознае кои се потенцијалните бариери што ги спречуваат или демотивираат луѓето да се активираат. На крај, истражувањето ги мери навиките и средствата за информирање на граѓаните како едни од клучните фактори за обликување и креирање на јавното мислење.

Cover image - KAP study, climate and environment
Автор
UNICEF
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски, Албански