Колку се училиштата по мерка на детето?
Документ за политики за степенот до којшто Северна Македонија добро ги искористува расположливите ресурси за образование
About
Северна Македонија се соочува со криза во учењето, а постигнувањата на учениците се под просекот на учениците од Западен Балкан, ЕУ и ОЕЦД. Соседните земји постигнале подобри резултати од учењето со малку повисоки нивоа на расходи за образованието. Длабоките демографски промени, вклучително и опаѓањето на стапката на наталитет, миграцијата и зголемената урбанизација, без поголеми прилагодувања на мрежата на основни училишта, резултираше со тоа некои училишта да имаат недоволно искористен простор и наставен кадар. Од друга страна, други училишта се преполнети и немаат доволно наставници и затоа мораат да организираат настава во две или три смени – што веројатно влијае на постигнувањата на учениците.
Ваквите промени доведуваат до неефикасна и неправична распределба на ресурсите. Во моментов, 87% од расходите за основно образование се трошат за плати за вработените во училиштата, поради што нема доволно средства за капитални инвестиции, обнова и одржување на објектите во добра состојба, како и инвестиции во професионалниот развој на кадарот. Сето ова се случува во контекст на намалување на севкупните буџетски расходи за образование како процент од БДП и од буџетските расходи. Овој документ нуди докази и препораки за политики за итно подобрување на ефективноста и ефикасноста на мрежата на основни училишта, истовремено обезбедувајќи правичен пристап до училиште