Градење позитивни односи за подобро ментално здравје

Овој водич ќе ви помогне во создавањето посилни, поздрави врски, почнувајќи со односот што го имате со самите себе.

UNICEF
Two adolescent girls talking and smiling
UNICEF North Macedonia / Georgiev / 2018
20 Мај 2025

Пријателствата и врските со другите имаат големо влијание врз начинот на кој се чувствуваме и врз нашето ментално здравје.   Затоа е толку важно да негуваме позитивни врски со другите - и со самите себе .

Овој водич ќе ви помогне во создавањето посилни, поздрави врски, почнувајќи со односот што го имате со самите себе

💖 Бидете љубезни однатре

Начинот на кој разговараме сами со себе е многу важен. Понекогаш нашиот внатрешен глас 💭 може да биде љубезен и поддржувачки, а друг пат може да биде суров или осудувачки.

Начинот на кој разговараме сами со себе може да биде под влијание на она што ни го кажуваат другите луѓе 👈🏻 или она што го гледаме во светот и со што се споредуваме. Ова може да се однесува на начинот на кој изгледаме, дали нешто имаме или немаме, или што правиме или не правиме.

Сите се осудуваме себеси без да бидеме свесни за тоа, а тоа може да има вистинско влијание врз тоа како се чувствуваме и однесуваме.

Пробајте го ова:

  • Забележете кога вашиот внатрешен глас е критичен.
  • Прашајте се: „Дали би му го кажал ова на пријател?“
  • Заменете ги суровите мисли со љубезни.

Кога имаме внатрешен глас кој ни кажува осудувачки работи, може да биде тешко да се чувствуваме добро во врска со себе. Затоа, следниот пат кога ќе забележите дека вашиот внатрешен глас е критичен, не заборавајте да се залагате за себе на ист начин како што би се залагале за  пријател 💪🏽.

Предизвикувањето на вашиот внатрешен глас 🛑 може да изгледа необично или непријатно на почетокот. Но, колку повеќе го практикуваме, толку понормално станува.

Пример:

  • „Мене не ме бива за математика.“ → „Тешко ми оди со математика, но учам и се трудам.“
  • „Никогаш нема да бидам доволно добар/а.“ → „Учам и растам секој ден.“

🌟 Откријте ги вашите силни страни

Иако често им се восхитуваме на силните страни кај другите, понекогаш ги занемаруваме силните страни што ги имаме во себе.

Размислете за 3 работи што ги сметате за лични силни страни. Запомнете, секој е добар во нешто и секој додава вредност на светот 🌏.

Ако ви е тешко да ги откриете личните силни страни, еве неколку примери за да започнете.

  • Можеби навистина уживате во пишување или сликање 🎨, па една од вашите силни страни би била креативноста.
  • Можеби брзо пробувате нови работи, па една од вашите силни страни би била тоа што сте авантуристички настроени ✨.

Можете на телефонот ✍🏾  да направите список  на вашите лични силни страни и да додавате повеќе од време на време. Колку повеќе го правите тоа, толку 💡  посвесни ќе бидете за вашите сопствени силни страни.

🧠 Справување со тешки врски

Сите ние имаме многу различни врски во нашите животи 💜🤍 💛 , на пример со нашите пријатели, нашите родители,браќа и сестри, или нашите наставници.. Врските се насекаде околу нас и се важни за да се чувствуваме поддржани, згрижени и разбрани 🤗

Сепак, постојат и разлики меѓу луѓето или тешки ситуации и стресови што понекогаш може  да доведат до несогласувања 😓 или чувство на нерамнотежа во врската.


🗣️ Стиловите на комуникација се важни

Не можеме секогаш да го контролираме начинот на кој другите се однесуваат, но можеме да развиеме вештини што ќе ни помогнат подобро да управуваме со нашите врски со другите. Начинот на кој комуницираме и се однесуваме се две од овие вештини!

Постојат три главни стилови на комуникација:

Асертивен (одлучен, самоуверен): јасно кажување што чувствуваме и сакаме на искрен начин и со почит кон соговорникот

Пасивен: некажување или нејасност во врска со тоа што чувствуваме и сакаме.

Агресивен: изразување на тоа што го чувствуваме и барање на тоа што го сакаме на нељубезен начин или без почит кон соговорникот

Овие различни стилови на комуникација може да се забележат преку зборовите што ги користиме, тонот на гласот,  изразите на лицето и говорот на телото.

Еве неколку примери за овие стилови на комуникација:

Некој што е асертивен може да каже што чувствува и сака на соодветен начин и со почит, да користи контакт со очи 👁️ и да му даде шанса на другото лице да каже што чувствува и сака без да го прекинува.

Некој што е пасивен може да не кажува ништо, постојано да гледа на страна , да дозволува другата личност да си го тера своето и да им дозволува на другите да се однесуваат непристојно или несоодветно.

Некој што е агресивен може да кажува нељубезни зборови, , често да прекинува, да вика или да го крева гласот, да критикува, обвинува, па дури и да им се заканува или физички да ги повредува другите.

Асертивната комуникација е корисна бидејќи со почит му кажува на другото лице што мислите, чувствувате и ви треба, а воедно му дава шанса и на соговорникот да го стори истото.Ова ни овозможува да ја зајакнеме нашата врска со другата личност 👐 . Асертивното комуницирање е вештина што не доаѓа секогаш природно, но може да се научи и вежба.

Асертивната комуникација може да направи голема разлика, но дури и тогаш, некои врски може да бидатпроблематични


🧭 Кога нема промена на подобро

Многу луѓе доживуваат несогласувања или незадоволство во односите со другите. Но запомнете ⚠️⚠️ , несогласувањето и незадоволството не се исто што и малтретирањето или повредувањето.

Ако некогаш се чувствувате несигурно или повредено во некоја врска, обидете се да побарате поддршка од пријател или возрасен од доверба 🤚 . Барањето помош не е секогаш лесно, но тоа е знак на храброст и начин да се грижите за себе.

🤗 Да се биде добар пријател

Добрите особини што ги цениме кај нашите пријатели се истите работи за кои можеме да се потрудиме да бидеме. подобри како пријатели

✅ Еве неколку идеи што ќе ви помогнат да изградите здрави врски:

  • Слушање и разговор еден со друг.
  • Побарајте помош од некого ако не можете мирно да разговарате еден со друг.
  • Преземање одговорност за сопствените постапки и извинување кога сте направиле нешто погрешно.
  • Бидете искрени со личноста за тоа што ви треба и што сакате.
  • Покажување почит и прифаќање на некого таков каков што е.
  • Искажување благодарност и изразување признание на другите

⛔ Исто така, постојат работи што може да ги ослабнат нашите врски со другите:

  • Игнорирање или избегнување еден на друг
  • Правење нешто што физички ги повредува другите
  • Обвинување еден со друг
  • Фокусирање 🤔 на тоа кој е во право, а кој не е во право
  • Навредување
  • Овие работи можеби не се толку корисни.

👂 Моќта на активното слушање

Сакаш да бидеш подобар пријател? Започни со тоа што навистина ќе слушаш.

Совети за активно слушање:

  • Не прекинувајте
  • Тргнете ги настрана телефонот или други нешта што ви одвлекуваат внимание
  • Поставувајте дополнителни прашања
  • Воспоставете контакт со очите и кимнете со главата
  • Резимирајте го она што го слушнавте: „Звучи како да си навистина под стрес. Дали е така?“

💬 Емпатија: Срцето на поврзувањето

Емпатијата значи разбирање што може да чувствува другата личност и е важен дел од нашите врски со другите. Ова е нешто што сите можеме да го практикуваме и да се обидеме да станеме подобри во тоа.

Замислете дека пријател се мачи со домашна задача и изразува вознемиреност поради тоа. Ова се неколку начини на кои можете да покажете емпатија.

1.  Размислете за тоа што ви го кажува пријателот и резимирајте. На пример, би можеле да кажете „Сфаќам  дека оваа домашна задача ти е многу  тешка и дека многу те вознемирува“.

2. Изразете дека  знаете како се чувствува вашиот пријател и идентификувајте се со тоа чувство. На пример, би можеле да кажете „Кога ми е тешко со домашната задача  и јас се чувствувам под стрес. Мене ми е најтешка биологија“.

3. Покажете му на пријателот дека се грижите кога поминува низ тежок период. На пример, би можеле да кажете „ Жал ми е што си под стрес поради домашната задача . Дали има нешто со што можам да помогнам?“


Градењето позитивни односи бара време, труд и самосвест. Но, секој чекор што го преземате - без разлика дали станува збор за подобро слушање, љубезно зборување или покажување емпатија - прави разлика.

Вие сте важни. Вашите врски со другите се важни. Имате моќ да ги направите посилни.