Извештај
Кадровски политики за основните училишта по мерка на учениците
Документ за политики за состојбата со наставниот и ненаставниот кадар во основното образование
Highlights
Овој документ за политики ја анализира состојбата со наставниот и ненаставниот кадар во основното образование и нуди препораки за подобро планирање, поправична распределба и поефикасно користење на ресурсите. Препораките опфаќаат професионален развој и мобилност на кадарот, дополнителна поддршка за учениците и унапредување на училишната мрежа, преку координирана соработка меѓу Министерството за образование и наука, општините и училиштата. Фокусот е на поефикасно користење на расположливите ресурси за да се подобри квалитетот на образованието и да се обезбеди секое дете да има пристап до наставата и поддршката што му се потребни.
Датум на публикација
Јазици
Англиски,
Македонски,
Албански