Конференција: Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања

Придружете ни се заедно со меѓународни експерти да разговараме за важноста на благосостојбата на детето и поврзаноста со академските достигнувања

EDU Conference

Развојот на социјални и емоционални вештини кај децата почнува на рана возраст и е од суштинска важност за нивниот успех подоцна во животот. 

Дали сакате да дознаете повеќе за врската меѓу благосостојбата на детето и нивните академските достигнувања? Следете ги говорите на меѓународни експерти на оваа тема и придружете ни се заедно да дискутираме во рамките на конференцијата што ќе се одржи на 9ти и 10ти март во хотел Александар Палас во Скопје, 

Местата со физичко присуство се ограничени поради протоколите против КОВИД-19, но сите кои се заинтересирани може да ја следат конференцијата во живо. Доколку ве интересираат некои од темите споменати подолу, ќе имате можност да ги следите клучните говори и панел дискусии на линковите дадени во секој блок.

Конференцијата е организирана како заедничка иницијатива на Владата на Република Северна Македонија, Британската амбасада во Скопје и УНИЦЕФ.

Прв ден | среда, 9 март 2022

Придружете ни се на првиот ден од конференцијата за да слушнете повеќе за квалитетот на образованието и сеопфатниот детски развој.


Свечено отворање

  • Димитар Ковачевски, премиер на Република Северна Македонија
  • Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија
  • Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија

Поздравно обраќање

  • Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика на Република Северна Македонија

Embedded video follows

Презентација: Младите за децата

  • Проф. Виолета Петроска Бешка, Претседател на Центар за човекови права и разрешување конфликти

Воведен говор: Создавање поволни услови за холистички развој на детето, Ребека Грејнџер–Елис, експерт за социјално и емоционално учење

Панел дискусија: Социјално и емоционално учење во занималните / Моменталната состојба и следни чекори

  • Кирил Барбареев, универзитетски професор, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
  • Лена Дамовска, универзитетски професор, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
  • Наташа Димеска, шефица на кабинетот на министерката за труд и социјална политика
  • Бојана Нацева, образовен специјалист, Светска банка
  • Маја Велиновска, директорка на градинката „Димче Мирчев“ - Велес

Клучни поенти: Ќе имате шанса да слушнете за важноста на менталното здравје во раното детство за поставување цврста основа за успех во текот на животот на детето. Дополнително, ќе разговараме за постигнатите резултати и поддршка за наставниците, како и за претстојните планови за идна поддршка. 

Воведен говор: Врските се најважни – поддршка за родителите за да им обезбедат на децата најдобар почеток во животот, Рејчел Тејнш, меѓународен експерт за родителство

Панел дискусија: Поддршка на децата и родителите да учат дома

  • Ана Фрицханд, универзитетски професор, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
  • Ирина Спиваченко, обучувач и практичар, Молдавија
  • Станка Баџакова, директорка на градинката „Весели цветови“ - Скопје
  • Ана Караџова Џамбаз, родител

Клучни поенти: Овој блок ќе ја покрие улогата на родителите и старателите во процесот на поддршка на децата и нивна заштита од ефектите на стресот. Ефективноста на програмите за родителство и расположливите ресурси, како и значењето на стратегиите за родителство се исто така теми за кои ќе се разговара.

Втор ден | четврток, 10 март 

Придружете ни се на вториот ден од конференцијата за да слушнете повеќе за начините на кои образовниот систем може да поттикне иновација, натпревар и унапредување, истовремено негувајќи ја солидарноста, благосостојбата и сеопфатниот развој.


Свечено отворање

Поздравно обраќање - Јетон Шаќири, министер за образование и наука на Република Северна Македонија

Воведен говор: Образованието на децата во дигиталната ера - Франческа Готшалк, аналитичар на ОЕЦД во проектот „Децата во 21от век“

Панел дискусија: Постигнување рамнотежа меѓу сè поголемата важност на технологијата и дигиталните вештини, од една страна, и добросостојбата и менталното здравје на учениците

  • Петар Барлаковски, претседател, Младински образовен форум
  • Надица Костоска, Министерство за образование и наука 
  • Сашо Коцевски, универзитетски професор, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
  • Маја Виденовиќ, наставничка во основното училиште „Крсте Мисирков“ - Скопје

Клучни поенти: За време на овој блок, ќе научите за ефектите од дигитализацијата врз благосостојбата и постигнувањата на детето. Дополнително, дискусијата ќе ги опфати потенцијалните придобивки и закани од дигитализацијата во образованието, постојните и потребните вештини на наставниците, педагогијата која балансира помеѓу развивањето социо-емоционални и дигитални вештини и како тие може да се искористат за зајакнување на целокупната благосостојба на учениците и менталното здравје. 

Презентација: Иницијатива Едуино

  • Александар Лазовски, ко-основач и раководител на програмата, СмартАп – лабораторија за социјални иновации
  • Милена Игњатова, раководител на проект, СмартАп – лабораторија за социјални иновации

Воведен говор: Врската меѓу добросостојбата и постигнувањата - Лана Јурко, извршна директорка на Мрежата на Центри за образовни политики од Хрватска

Панел дискусија: Како треба да се развиваат училиштата за да ја поддржуваат добросостојбата на учениците?

  • Огнен Спасовски, универзитетски професор, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
  • Виолета Петроска Бешка, универзитетски професор, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
  • Ваљдета Адиљи, училишен психолог, средно училиште „Дрита“ - Кичево
  • Алвин Салимовски, директор на училиште, основно училиште „Браќа Рамиз - Хамид“ - Скопје 

Клучни поенти: Овој блок ќе ја покрие важноста на психосоцијалната поддршка и благосостојба во текот на образовниот процес и подоцна во зрелата возраст. Ќе ги испита ефектите од минатите трауми, анксиозност и врски врз постигнувањата на учениците и нивните животни резултати. Дополнително, ќе се разговара за тоа колку е значаен целокупниот училишен етос и здравите училишта, како и нивната поврзаност со здравото однесување.

Говорници

Дел од конференцијта ќе бидат експерти за образование, лидери и застапници од регионот и пошироко за да споделат искуства и докази за најновите случувања во социјалното и емоционално учење во раното детство, зголемената важност на технологијата и дигиталните вештини и како тие се поврзани со целокупната благосостојба на учениците и менталното здравје.

Dr. Rebekah Granger-Ellis

Ребека Грејнџер–Елис

Експерт за социјално и емоционално учење

Rachel Tainsh

Рејчел Тејнш

Меѓународен експерт за родителство

Francesca Gottschalk

Франческа Готшалк

Аналитичар на ОЕЦД во проектот „Децата во 21от век“

Lana Jurko

Лана Јурко

Извршна директорка на Мрежата на Центри за образовни политики од Хрватска

 

Материјали од конференцијата

Симнете ги сите материјали од конференцијата, вклучително презентациите и други корисни ресурси.

Ресурси за родители и деца

Ресурси за поддршка на социјалниот и емоционалниот развој

УНИЦЕФ започна соработка со Think Equal (Велика Британија) и со Светот на Биби за да произведе забавни едукативни материјали

Посетете ја страницата

Линија за родители

Затоа што сите прашања се важни

Посетете ја страницата

Споделуваме и играме

Серија хибридни настани организирани од воспитувачките во градинки за да го доближат социјалното и емоционалното учење до родителите

Посетете ја страницата

Активности за учење преку игра за деца на возраст од 3 до 10

Помогнете им на децата да продолжат со учење дома

Посетете ја страницата

Социјални медиуми

Следете нè на Фејсбук, Твитер и Инстаграм и споделете ги вашите мислења за темите и дискусиите во рамките на конференцијата со хаштазите #Ready2Learn #BeWellLearnWell