Линија за родители

Затоа што сите прашања се важни

Креатива во гиф формат со различни слики на родители и деца и информации за телефонската линија
UNICEF/2020

Родителството може да биде планирано или непланирано, да се оствари самостојно или во партнерство, но независно од неговата форма, едно е сигурно - начинот на кој ги воспитуваме децата го обликува начинот на кој размислуваат, чувствуваат, се однесуваат и учат низ целиот живот.

Сите го сакаме најдоброто за нашите деца, но да се биде родител не е секогаш лесно, а за многумина, успешното родителство не доаѓа инстинктивно. Животните околности на сите се различни, но секој родител се соочува со дилеми и ги преиспитува своите одлуки.  

Кога децата не се однесуваат како што очекуваме, ние како родители тоа може да го сфатиме лично, да сметаме дека ни го тестираат трпението и нѐ провоцираат. Но, излегува дека децата ги тестираат своите способности, поместувајќи ги сопствените граници.

Позитивното родителство не претставува само отсуство на насилни методи на воспитување. Вистинското позитивно родителство всушност претставува разбирање на потребите на детето, проактивно реагирање на нив, препознавање на различните развојни фази кај детето, доследност, учење на соодветно однесување без употреба на казна и негување лични карактеристики на детето како што се самодоверба, истрајност, независност, емпатија, љубопитност и одговорност.

Сето ова може да ни звучи премногу. Но, кога родителите имаат знаење како да одговорат во различни ситуации, тоа им помага да се опуштат и да стекнат самодоверба, што за возврат му додава квалитет на времето минато со децата, а родителското искуство го чини полесно и поисполнето.

Решенијата на родителските дилеми честопати доаѓаат преку разговор, одговор на прашање или совет. За да овозможиме полесно доаѓање до одговори на родителските прашања и да понудиме безбедна и анонимна поддршка, ги поддржуваме услугите преку телефонската линија за родители.

 

Embedded video follows

Преку бесплатната Линија за родители 075 230 530, тим обучени експерти им нуди поддршка и советување на родителите и старателите, а работи секој ден, вклучувајќи ги и викендите, од 15:00 до 20:00 часот.

Родителите и старателите може да се јават за да добијат едноставни совети; или да побараат проширена поддршка со секојдневно сеопфатно насочено советување и следење на постигнатиот напредок на детето заедно со стручните лица. 

Линијата е отворена за родителите, старателите и негувателите на деца од сите возрасти, за оние кои планираат да станат родители или старатели, оние кои се родители со партнер, самохрани родители и за сите што се заинтересирани да дознаат повеќе за родителството.

Оваа иницијатива беше спроведена со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој.


Совети од експертите на линијата за родители

Тимот на експерти кои нудат поддршка и советување на родителите и старателите го сочинуваат лиценцирани психолози, семејни и системски психотерапевти и социјални работници. Разговаравме со нив на различни теми поврзани со позитивно родителство, справување со стресот кај родителите за време на криза и социо-емоционалниот развој кај адолесцентите


 

Позитивно родителство

Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows

Ментална хигиена 

Embedded video follows
Embedded video follows

Справување со стрес

Embedded video follows
UNICEF/2020
Embedded video follows
UNICEF/2020
Embedded video follows
UNICEF/2020
Embedded video follows
UNICEF/2020

Ефектите од физичкото казнување врз развојот на децата

Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows

Социо-емоционален развој кај адолесценти

Embedded video follows
UNICEF/2020
Embedded video follows
UNICEF/2020
Embedded video follows
UNICEF/2020

Предизвици за врема на адолесценција

Embedded video follows
UNICEF/2020
Embedded video follows
UNICEF/2020
Embedded video follows
UNICEF/2020
Embedded video follows
UNICEF/2020
Embedded video follows
UNICEF/2020
Embedded video follows
UNICEF/2020