Поддршка на родители на деца со попреченост во услови на пандемија со Ковид-19
За да им помогнеме на родителите на деца со попреченост и на самите деца во оваа ситуација, воспоставени се следниве бесплатни услуги
- English
- Македонски
Поради привременото затворање на училиштата, градинките и дневните центри, многу родители на деца со попреченост останаа без вообичаената дневна поддршка. Тоа несомнено е голем притисок за сите родители кои се ставени во ситуација да се справуваат со целодневна улога на наставници, згрижувачи, ментори и терапевти.
За да им помогнеме на родителите на деца со попреченост и на самите деца во оваа ситуација, воспоставени се следниве бесплатни услуги:
1. Индивидуализирани планови за онлајн учење за деца со попреченост - Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“
Специјални едукатори и логопеди изготвија индивидуализирани планови за онлајн часови, користење компјутер и интернет, рана стимулација на развојот, логопедски услуги и совети. Услугата е наменета за сите деца со попреченост.
Поднесете барање за регистрација на вашето дете за поддршка, секој работен ден од 9 до 17 часот, на следниве телефонски броеви:
+389 (0) 72 275 211 / +389 (0) 78 282 662 – Македонски јазик
+389 (0) 71 989 822 – Албански јазик
2. Психосоцијална поддршка - Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори
Услугата е наменета за родителите на деца со одредени задоцнувања во развојот, како и родителите на деца со попреченост кои се на возраст до 6 години.
Закажете термин нa телефонскиот број:
+389 (0) 74 222 148
3. Бесплатна правна помош – Хелсиншки комитет за човекови права
Услугата е наменета за сите деца со попреченост и нивните семејства кои во некој момент се почувствувале дискриминирани.
Секој работен ден од 9 до 14 часот, на следните телефонски броеви:
+389 (0) 2 3119 073
+389 (0) 72 278 436 и по пат на електронска пошта ([email protected])
4. Прашања, совети и одговори за родители на деца со попреченост
Универзитетската клиника за психијатрија нуди поддршка на менталното здравје и психо-социјална поддршка на родителите на деца со попреченост погодени од кризата со КОВИД 19.
Секој работен ден од 9 до 19 часот на телефонскиот број: +389 (0) 72 912 676