Споделуваме и играме

Серија хибридни настани организирани од воспитувачките во градинки за да го доближат социјалното и емоционалното учење до родителите

Kindergarten children doing breathing exercises together with their parents
UNICEF/2021/Georgiev

Социјалните и емоционалните вештини се исто толку важни колку и когнитивните вештини и ја зголемуваат способноста на детето да учи, да работи со други, да обрнува внимание во занималната и да развива други вештини кои ја формираат основата за учење и социјалната интеракција во училишните години и подоцна во животот.

Воспитувачките во градинките секојдневно работат со децата за да ги развијат овие вештини, но градинките не се единствените места каде што може да се учат социјалните и емоционалните вештини. Родителите, бабите и дедовците и сите други што се вклучени во грижата за децата можат да го стимулираат нивниот социјален и емоционален развој преку секојдневна интеракција.

За да го доближат социјалното и емоционалното учење до родителите, УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, иницираа серија од петнаесет хибридни настани „Споделуваме и играме“. Домаќини на настаните се воспитувачките од градинките, со физичко присуство на ограничен број родители и деца, а се пренесуваат во живо за пошироката публика.

На настаните, воспитувачките споделуваат практични совети и стратегии кои родителите можат да ги применат со своите деца, како и низа ресурси што родителите можат да ги користат дома, вклучувајќи материјали подготвени во партнерство со Светот на Биби и Think Equal (Велика Британија) достапни на платформата ЕДУИНО.

Програмата е финансиски поддржана од Британската амбасада Скопје, со која УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика заеднички работат на воведување сеопфатна програма за социјален и емоционален развој во предучилишна возраст. Програмата се однесува не само на благосостојбата и развојот на децата во градинките, туку и на нивните воспитувачки.

 

Погледнете ги снимките во живо од настаните:

Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows
Macedonian Civic Education Center (MCEC) Градинка „Ангел Шајче“, Куманово
Embedded video follows
Embedded video follows
Embedded video follows