Совладување социјални и емоционални вештини во предучилишна возраст

Поставување на темелите за иднината

Девојче држи жолт балон и се смее
UNICEF/2019/Georgiev

Социјалниот и емотивниот развој почнува рано во животот. Тогаш децата почнуваат да разбираат кои се, што чувствуваат и што да очекуваат кога се во меѓусебна интеракција. Тогаш учат како да воспостават и одржат позитивни односи; да доживуваат емоции, да се носат со нив и да ги изразуваат.

Сѐ повеќе научни истражувања потврдуваат дека децата кои во раните години воспоставиле силна емоционална основа подобро се носат со секојдневните социјални интеракции подоцна во животот. Ова е од суштинска важност за развојот на општата архитектура на мозокот и има сериозно влијание врз  способноста за учење кај децата.

Затоа УНИЦЕФ и владата на Обединетото Кралство, заедно со Министерството за труд и социјална политика, поддржуваат програма за воведување на активности за развој на социјалните и емотивните вештини во предучилишна возраст. Во првите градинки во земјата што ја спроведоа програмата како пилот, се виде дека преку игра, вежби и раскажување, децата од предучилишна возраст можат подобро да ги изразат чувствата, повеќе се слагаат, покажуваат емпатија за другите во групата, повеќе се грижат за животната средина и се посреќни. Програмата, која на почеток беше спроведена како пилот во неколку градинки, со поддршка од воспитувачките за колегијална поддршка, сега се воведува во целата земја.

Да погледнеме како воспитувачките за колегијална поддршка од градинките „Мајски цвет“ во Битола, „Младост“ во Тетово, „Павлина Велјановска“ во Кочани, „Димче Мирчев“ во Велес, „8 Март“ и „Кочо Рацин“ во Скопје ги применуваат стратегиите и алатките за да им помогнат на децата да ги усвојат социјалните и емоционалните вештини што се темел за формално учење и социјална интеракција на училиште и понатаму во животот. Видеата го покажуваат пристапот што се користеше пред да се воведат мерките за спречување и заштита од КОВИД-19, а програмата и понатаму се прилагодува на специјалните услови и упатства за пандемијата.

Embedded video follows
UNICEF/2019

Справување со стрес и конфликтни ситуации

Конфликтните ситуации создаваат стрес, а стресот може да предизвика конфликтни ситуации. Погледнете како Мира Ѓорѓиевска, педагог и воспитувачка за колегијална поддршка од Скопје, работи со деца за да им помогне да се снајдат во тешки ситуации. 

Погледнете и на македонски и на албански

 

Embedded video follows
UNICEF/2019

Ние сме си најдобро другарче –  самоприфаќање

Ако ги учиме децата уште од рана возраст да се почитуваат и сакаат себеси ќе им биде полесно да ги почитуваат и сакаат другите. Видете како воспитувачката Александра Андоновска –  Јанева, воспитувачката за колегијална поддршка од Велес, ги применува техниките за самоприфаќање.

Погледнете и на македонски и на албански

Embedded video follows
UNICEF/2019

Саморегулација

Ако ги подучиме децата како да се саморегулираат уште од рана возраст, полесно ќе ги разберат и ќе ги контролираат емоциите, подобро ќе се фокусираат на учењето и подобро ќе се носат со стресот. Дознајте повеќе за стратегиите што ги користи Татјана Грегова, воспитувачка за колегијална поддршка во Битола.

Погледнете и на македонски и на албански

Embedded video follows
UNICEF/2019

Самосвест

Ако ги подучиме децата да имаат самосвест уште во раните години на животот, полесно ќе развијат силни социо-емоционални способности. Погледнете како  воспитувачката за колегијална поддршка Татјана Грегова применува стратегии за да им помогне на децата да се стекнат со самосвест во Битола.

Погледнете и на македонски и на албански

Embedded video follows
UNICEF/2019

Социјалното и емоционалното учење е вештина за учење и за во животот

Со тоа што малите деца ги оспособуваме да се саморегулираат, им ги даваме основните вештини што им се потребни за учење и за во животот. Дознајте повеќе од Имијан Амети, воспитувачка за колегијална поддршка, Хадјере Махмуди, воспитувачка, Елита Мехмеди, негувателка и Рамије Даути, директорка на градинка за тоа како со овие стратегии им се помага на децата во Тетово.

Погледнете и на македонски и на албански

Embedded video follows
UNICEF/2019

Со утринскиот поздрав, децата полесно развиваат чувство на припадност

Кога децата избираат како некој да ги поздрави, развиваат чувство на припадност и денот им почнува позитивно. Научете повеќе од Хадјере Махмуди, воспитувачка во Тетово.

Погледнете и на македонски и на албански

Embedded video follows
UNICEF/2019

Градење близок взаемен однос

Со социјалниот и емоционалниот развој децата усвојуваат вештини за учење и за во животот. Кога се вклучуваат семејствата, децата ги утврдуваат ваквите вештини и им се укажуваат можности да го вежбаат тоа што го научиле дома. Видете како Снежана Гуцуљ, воспитувачка за колегијална поддршка од Скопје, ги вклучува семејствата.

Погледнете и на македонски и на албански

Embedded video follows
UNICEF/2019

Вклучување на семејствата

Со вклучување на семејствата се зајакнуваат социјалните и емоционалните вештини на децата и им се укажуваат можности да ги споделат и изразат емоциите дома. Со ваквите вештини се поставува темелот за учењето и за животот. Видете што имаат да кажат за иницијативата родителите во Скопје.

Погледнете и на македонски и на албански

 

Embedded video follows
UNICEF/2019

Изразување благодарност и почит

Кога им се повторуваат потврдни и позитивни зборови, децата полесно го опуштаат мозокот и се подготвуваат да совладаат нова активност. Видете какви техники за релаксација применува воспитувачката Јованка Ефтимова, воспитувачка за колегијална поддршка од Кочани.

Погледнете и на македонски и на албански