Ресурси за децата и родителите за поддршка на социјалниот и емоционалниот развој
УНИЦЕФ започна соработка со Think Equal (Велика Британија) и со Светот на Биби за да произведе серија цртани филмови и забавни едукативни материјали за поддршка на развојот на социјалните и емоционалните вештини кај децата на предучилишна возраст.
Децата кои стекнуваат силна емоционална основа во раните години имаат капацитет подобро да управуваат со секојдневните социјални интеракции подоцна во животот. Социјалниот и емоционален развој ги поттикнува децата да станат самосвесни и самоуверени, да научат како да се справат со тешки чувства и импулси, и како да покажат емпатија, што пак помага за подобри образовни достигнувања и ментално здравје.
УНИЦЕФ започна соработка со Think Equal (Велика Британија) и со Светот на Биби за да произведе серија цртани филмови и забавни едукативни материјали за поддршка на развојот на социјалните и емоционалните вештини кај децата на предучилишна возраст. Материјалите беа изработени со поддршка од Владата на Обединетото кралство и Британската амбасада во Скопје и сега се бесплатно достапни за сите родители, наставници и старатели.
За повеќе корисни ресурси за социјалниот и емоционалниот развој, посетете ја националната платформа за учење ЕДУИНО.
Think Equal (Велика Британија
УНИЦЕФ во соработка со Think Equal (Велика Британија) подготви серија цртани филмови за поддршка на развојот на социјалните и емоционалните вештини кај децата на предучилишна возраст – вештини како што се емпатија, љубезност, упорност, критичко размислување, разрешување конфликти, самодоверба, комуникација, самосвест и многу други. Цртаните се анимирани верзии на сликовниците Think Equal, кои сега и официјално се дел од Националната програма за рано учење и развој.
Светот на Биби
УНИЦЕФ во соработка со Светот на Биби подготви збир забавни едукативни материјали за да им помогне на децата да ги препознаат и да управуваат со своите емоции, но и да ги инспирираат родителите како да го поддржат развојот на своето дете. Во материјалите се прикажани Биби, Боби и нивните пријатели, а се вклучени осум анимирани епизоди и електронска сликовница, достапна на македонски и албански јазик.