Зајакнување на детските надоместоци: Опции за унапредување на ефектите од паричната поддршка за деца

Извештајот се осврнува на еден од клучните предизвици - како да се унапредат паричните надоместоци за деца за да придонесат кон одржливо намалување на детската сиромаштија, притоа останувајќи фискално одржливи

Two girls sitting together on school stairs
UNICEF North Macedonia / Georgiev / 2022

Главни црти

Детската сиромаштија во Северна Македонија и понатаму останува висока и погодува речиси едно од три деца, и покрај значајните реформи во системот на социјална заштита во изминатите години. Овој извештај укажува на структурни ограничувања во постојниот систем на парични надоместоци, вклучително и намалена адекватност на поддршката, ограничен опфат и решенија во дизајнот на мерките што недоволно ги земаат предвид потребите на децата — особено во поголемите и ранливи домаќинства.

Преку напредна микросимулациска анализа, студијата ги оценува можните реформи за подобрување на ефектите од надоместоците наменети за деца. Извештајот претставува две стратешки насоки: проширување на универзалните детски надоместоци со дополнителна насочена поддршка за да се обезбеди поширок и поправеден опфат, и зајакнување на постојните надоместоци засновани на проверка на приходите со цел подлабоко намалување на сиромаштијата кај најсиромашните семејства.

Наодите покажуваат дека добро осмислените реформи можат да ја намалат детската сиромаштија за до шест процентни поени, притоа останувајќи фискално одржливи. Извештајот предлага клучни насоки за креирање посензитивен, поинклузивен и поефикасен систем на социјална заштита, кој ќе придонесе за долгорочен развој на човечкиот капитал.

Датум на публикација
Јазици
Англиски