Создавање работни места прилагодени на семејствата

Прирачник за бизниси

Two adolescent girls working on a project.
UNICEF/North Macedonia/2025

Highlights

Овој Прирачник нуди насоки за бизнисите – независно од нивната големина, сектор или фаза на развој – за ефективно спроведување семејно-ориентирани работни политики, како што се платено отсуство, флексибилни работни аранжмани, поддршка за згрижување деца и поддршка за доење. Со создавање работни места и деловни практики кои ги минимизираат ризиците за развојот на децата и им помагаат на семејствата и децата да напредуваат, компаниите им овозможуваат на своите вработени да го достигнат својот целосен потенцијал, истовремено придонесувајќи за поздрави општества и посилни економии.

Прирачникот ги опишува придобивките за бизнисите, нуди самооценка за утврдување на зрелоста на компанијата во примената на семејно-ориентирани политики, како и чекор-по-чекор насоки прилагодени на четири различни типови работни средини со уникатни потреби, ограничувања и приоритети.

Фабрики: Практични стратегии за создавање поддржувачко опкружување за работници во фабрика, вклучувајќи флексибилно работно време и поддршка за достапна и квалитетна грижа за деца.

Фарми: Прилагодени решенија за земјоделски средини, со фокус на сезонските модели на работа и специфичните потреби на земјоделските работници и нивните семејства, со акцент на платено отсуство и поддршка за згрижување деца.

Канцеларии: Насоки за канцелариски бизниси за примена на семејно-ориентирани практики, како што се можност за работа од далечина и родителски отсуства.

Услужно-ориентирани работни места: Пристапи за услужните индустрии со цел да ги поддржат своите вработени, вклучувајќи флексибилност при распоредот на смени и поддршка за доење.

Автор(и)
УНИЦЕФ и Далберг
Датум на публикација
Јазици
Англиски