Појаснување за детските права во рамките на Европските стандарди за известување околу одржливост

Упатства за компании

A boy and a girl preparing an environmental project,
UNICEF North Macedonia/2026

Highlights

На 22 декември 2023 година, Европската комисија ги усвои Европските стандарди на известување за одржливост (ESRS), во кои детално се опишани барањата за корпоративно известување околу низа прашања поврзани со животната средина, општеството и управувањето (ESG).

За да ги поддржи компаниите што известуваат според ESRS подобро да објавуваат информации за влијанијата, ризиците и можностите во врска со правата на децата, УНИЦЕФ ги изработи овие упатства за клучните аспекти во процесот на известување.

Компаниите може да ги користат упатствата заедно или поединечно. Тие треба да бидат дополнување на упатствата на Европската советодавна група за финансиско известување (EFRAG). Упатствата опфаќаат три теми:

  • Во насловот „Децата како засегнати страни со зголемен ризик од негативни влијанија“ дадени се насоки  за тоа на кој начин да се известува за децата како група во ситуации на ранливост и маргинализираност. Во стандардите (ESRS), „лицата во ситуации на ранливост“ се признаваат како посебна категорија којашто компаниите треба да ја земат предвид при известувањето.
  • Во насловот „Детските права и двојната материјалност“ дадени се насоки за интегрирање на правата на децата во проценката на двојната материјалност според ESRS. Тука се појаснува: како да се идентификуваат битните теми од значење за детските права кои се релевантни за проценката на двојната материјалност; како смислено и безбедно да се вклучат носителите на права кога се во прашање детските права; и како да се утврдат и да се проценат битните теми за правата на децата.
  • Во насловот „Известување за детските права според социјалните стандарди“ дадени се насоки за тоа како да се мапираат социјалните стандарди од ESRS коишто налагаат известување за правата на децата и оние каде што можеби постои димензија на детски права за која треба да се извести. Исто така, тука се содржани препораки и примери за тоа како да се известува околу конкретни прашања на детските права во рамките на социјалниот столб од ESRS, каде што спаѓаат:
    • детски труд и млади работници
    • рамнотежа меѓу работата и приватниот живот кај родителите
    • влијанија во заедниците
    • заштита на децата како потрошувачи и крајни корисници
Young children gathering and talking
Автор(и)
УНИЦЕФ
Датум на публикација
Јазици
Англиски