Повеќе од средба
Создавање ефективни професионални заедници на наставниците за учење во Северна Македонија
Highlights
Наставниците низ Северна Македонија се вклучуваат во професионалните заедници за учење (ПЗУ) со голем интерес со цел споделување ресурси и професионален развој. Сепак, нивното учество се разликува во зависност од предметот што го предаваат и наставното ниво, при што структурните пречки и потаму се клучни за нивното ограничено учество. Истражувањето со примена на комбинирани методи и користење на национални анкети со наставниците, интервјуа и дискусии во фокус групи со клучните засегнати страни, вклучително и со Министерството за образование и наука и лидерите на професионалните заедници за учење, укажува како наставниците се ангажираат околу професионалните заедници на учење, со какви предизвици се соочуваат, и
како овие заедници може подобро да се интегрираат во одржливиот професионален развој.