Анализа на состојбите со зелените вештини во Република Северна Македонија

Подготовка на истражување за 'зелени' вештини и нивниот потенцијал во средното образование во Република Северна Македонија

Green skills analysis
UNICEF/2023

Главни црти

Современиот човек се соочува со многу предизвици. Еден од позначајните е
предизвикот за стекнување нови вештини со кои ќе придонесе во зачувување на загрозениот квалитет на животната средина и во борбата со климатските промени. Станува збор за поефикасно производство придружено со помали емисии на СО2, како и за производство поголеми количества енергија од обновливи извори. На овој начин се дава соодветен придонес во процесот на зазеленување на економијата и во создавање основа таа постепено да станува одржлива. Во оваа смисла треба да се анализира појавата на зелени
вештини што ќе соодветствуваат на тековните промени и процеси, но и на новопојавените зелени работни места. Зелените вештини треба постепено да придонесат за одржување и обновување на квалитетот на животната средина и избегнување идно оштетување на еко-системите.

Зелените вештини наметнуваат широк спектар на квалификации, образование и
вештини. Тие не постојат само во приватниот туку и во јавниот сектор, но и во сферата на научните и академските институции, професионалните здруженија итн. Зелени вештини се вештини што се во функција на обезбедување производи или услуги што ја подобруваат енергетската ефикасност, ја прошируваат употребата на обновливите извори на енергија или претставуваат поддршка за еколошката одржливост.

Основна цел на реализираното истражување за „зелени вештини и нивниот
потенцијал во средното образование во Република Северна Македонија “, со посебен осврт на средното стручно образование, е да ги идентификува можностите, потенцијалите и капацитетите во државата за стекнување вештини за зелена економија (зелени вештини), како и можностите за нивно интегрирање во средното образование (со фокус на средното стручно образование) и со тоа да придонесе кон реализацијата на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, спроведуван од
УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) и партнерство со проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Анализата е достапна на македонски и англиски јазик.

Автор
Проф. д-р Пеце Недановски; Проф. д-р Наташа Данилоска
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски

Документи достапни за преземање