Зошто е потребна реорганизација на ресурсите во основното образование
УНИЦЕФ работи со Министерството за образование и наука, општините и училиштата за да се изработат општински планови за прилагодување на училишната мрежа според бројот на ученици, подобра распределба на кадарот и создавање модерни услови за настава
Од централно училиште со 200 ученици до подрачно училиште со само 15 ученици
Мрежата на основни училишта во Северна Македонија се состои од 858 училишта, од кои 340 се централни и 518 се подрачни училишта. Подрачните училишта со кои управува администрацијата на централните училишта обезбедуваат настава за пооддалечените урбани или рурални заедници.
Основното училиште во Бајловце е едно од двете подрачни училишта во рамки на основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош” во Младо Нагоричане, оддалечено на околу 20 километри. Училишната зграда се наоѓа на крајот на ветровит планински пат во село со само околу 100 жители.
Сопственикот на селската продавница се присетува дека кога завршил училиште во 1968 година заедно со околу 40 соученици, во училиштето настава посетувале 200 ученици од 5 до 8 одделение. Во тоа време училиштето било централно. По демографските промени што траат со децении, вклучително и намалениот наталитет и миграциите, училиштето сега го посетуваат само 15 ученици од 1 до 9 одделение, или во просек, помалку од 2 ученици по одделение.
Само 13 општини (16%) во земјата го исполнуваат законскиот стандард дека во една паралелка треба да има најмалку 20 ученици. Во повеќето општини во земјата, паралелките во просек имаат помеѓу 10 и 15 ученици.
Подрачните училишта, како што е и училиштето во Бајловце, претставуваат две третини од училишната мрежа, а сепак, во нив настава следат само 10 отсто од учениците во земјата. Тоа е пример како демографските промени, без поголеми прилагодувања на мрежата на основни училишта, доведоа до недоволна искористеност на некои училишта и пренатрупаност на други училишта.
Всушност, само 13 општини (16%) во земјата го исполнуваат законскиот стандард дека во една паралелка треба да има најмалку 20 ученици. Во повеќето општини во земјата, паралелките во просек имаат помеѓу 10 и 15 ученици.
Во некои училишта, особено во тешко достапните области, може да се оправда постоењето на мали паралелки за да им се обезбеди правото на образование на сите деца во заедницата. Меѓутоа, во некои подрачни училишта има повеќе вработен кадар отколку ученици. Поради малиот број на ученици, 43% од учениците во подрачните училишта следат комбинирана настава со ученици во други одделенија. Тоа ја отежнува наставата и учењето и ги намалува можностите за социјализација и взаемно учење на децата. Одржувањето на стотици подрачни училишта во соодветна состојба и покривањето на трошоците за нивната работа се чини дека не претставува најдобра искористеност на средствата за образование бидејќи анализите покажуваат дека учениците што имаат настава во многу мали паралелки постигнуваат послаб успех во споредба со успехот во паралелки со 20 и 30 ученици, како што е пропишано според националните стандарди. Во Северна Македонија, во просек, паралелките се многу помали од земјите во ОЕЦД и Западен Балкан, а постигнувањата на учениците се пониски.
Урбаните училишта работат во смени, мачејќи се да изнајдат начини да обезбедат квалитетна настава за секое дете
Основното училиште „Наим Фрасери” во Куманово држи настава во две смени за 1,200 ученици во 55 паралелки. Поради недостиг на простор, училиштето пренамени два тоалети во училници. Иако се доби дополнителен простор, со ова решение цел еден дел од училиштето функционира со само еден тоалет.
воведе настава во смени од страна на училишните раководства. Наставата во околу две третини од централните училишта во Северна Македонија се одвива во две смени.
Основното училиште „Лазо Ангелевски“ во Аеродром, една од најнаселените општини со најголемо темпо на раст во главниот град Скопје, со години работи во смени, а наставата и учењето се посебен предизвик и за наставниците и за семејствата.
Наставата во смени значи дека 1,300 ученици се поделени во три групи кои доаѓаат на училиште во различно време, а училиштето работи од 7.30 часот наутро до 9.30 часот навечер. Тоа значи дека децата поминуваат помалку време на училиште и имаат малку или воопшто немаат време за вон-наставни активности. За среќа, пред неколку години, раководството на основното училиште „Лазо Ангелевски” во соработка со општината успеа да ја прошири училишната зграда со четири дополнителни училници и наставата ја организираше повторно во две смени.
Останатите училишта мораат да изнаоѓаат други импровизирани начини за да се справат со пренатрупаноста. Основното училиште „Наим Фрасери” во Куманово држи настава во две смени за 1,200 ученици во 55 паралелки. Поради недостиг на простор, училиштето пренамени два тоалети во училници. Иако се доби дополнителен простор, со ова решение цел еден дел од училиштето функционира со само еден тоалет.
Како најдобро да се искористи постојниот наставнички кадар
„Очекуваме уште еден бран на пензионирања на наставниците. И работите да бидат полоши, станува особено тешко да се задржат наставниците кои предаваат природни науки, бидејќи младите и образовани наставници заминуваат во странство.”
Демографските промени, без поголемо прилагодување на училишната мрежа, не само што создадоа предизвици околу училишниот простор, туку и некои општини се мачат да најдат доволно квалификувани наставници, додека други училишта располагаат со недоволно ангажиран наставен кадар.
Во развиените земји на ОЕЦД и ЕУ, во просек има по 15 ученици на еден наставник. И покрај тоа што бројот на ученици значително опадна во последната деценија, сепак, поради неприлагоденост на мрежата на училишта и наставници , над половина од општините во Северна Македонија имаат во просек по 5 до 10 ученици на еден наставник,. Во исто време, поради неусогласеност помеѓу структурата на наставниците и нивната географска распределеност доаѓа до недостиг на квалификувани наставници за одредени предмети во многу општини. На пример, основното училиште „Наим Фрашери” во Куманово се соочува со недостиг на наставници по математика, физика и хемија. Директорот на училиштето вели дека во последните 10 години околу 40 наставници се пензионирале.
Задоволување на потребите на секое дете
ентралната власт распределува буџет на општините за да ги покријат трошоците за работата на училиштата. Меѓутоа, голем дел, односно, над 90 отсто од блок дотациите за основното образование се користат за да се исплатат платите на наставниците и техничкиот кадар.
Како резултат на тоа, училиштата располагаат со ограничени средства за реновирање, одржување на објектите во добра состојба, за да се овозможи инклузија на сите деца, како на пример на децата со попреченост, и за инвестиции во професионалниот развој во насока на квалитетно и инклузивно образование. Способноста да се изнајдат ресурси и решенија за да се одговори на потребите што се раѓаат со секоја нова генерација ученици се сведува на посветеноста и снаодливоста на училишното раководство.
Така, во основното училиште „Ристо Шуклев" во село Негорци, благодарение на посветениот училишен тим, во соработка со општината, ресурсите беа искористени за изградба на рампа во училиштето наменета за ученик во инвалидска количка. Во исто време, тие ги реконструираа соблекувалните во фискултурната сала за да се изгради пристапен тоалет.
UNICEF/North Macedonia/Georgiev/2022
Живко учи самостојно заедно со своите врсници во основното училиште „Ристо Шуклев" с. Негорци благодарение на снаодливоста на училиштето да најде решенија за да се подобри пристапноста
За да се одговори на овие предизвици, УНИЦЕФ работи со Министерството за образование и наука, општините, училишните заедници, учениците, родителите и наставниците за да се изработат детални општински планови за прилагодување на училишната мрежа според бројот на ученици, подобра распределба на кадарот и создавање модерни услови за настава. Плановите содржат и предлози за пренамена на неискористениот простор во училиштата за да се отворат нови детски градинки и други основни услуги. Дел од оваа работа е и поддршката за развој и спроведување на нова формула за финансирање на основните училишта, што ќе им овозможи на општините да ги распределуваат финансиските ресурси според потребите на секој ученик.