Социјалните и економските ефекти од КОВИД-19 врз децата во Северна Македонија

Брза анализа и предлози за политиките

Главни црти

Пандемијата предизвикана од глобалното ширење на коронавирусот Ковид-19 ѝ наштети на социјалната, едукативната и здравствената благосостојба на децата, при што најранливите се најтешко погодени. Децата се директно погодени, преку затворање на училиштата, затворање на воннаставните активности и установи за згрижување на деца, социјалното дистанцирање и изолирање, што носи товар врз нивниот едукативен, когнитивен и емотивен развој, со ризик да ги зголемат нивоата на вознемиреност и стрес. Децата се исто така и индиректно погодени, преку намалувањето на приходите во домаќинството, со што се намалува нивната материјална и социјална благосостојба, го нарушува пристапот до социјална и здравствена заштита, додека за најтешко погодените тука е и ризикот од потхранетост. Клучно е да се разбере дека негативното влијание од кризата „Ковид-19“ може да биде особено силно за некои групи деца, вклучително и за оние кои живеат во сиромаштија, деца со посебни потреби, деца лишени од родителска грижа, деца во притвор и така натаму. Понатаму е важно да се потенцира дека таквото негативно влијание може да се прошири и над 2020 година и да ја продолжи детската сиромаштија во понатамошните детски години, па и понатаму во животот.

Publication cover
Автор
UNICEF MK
Датум на публикација
Јазици
Македонски, Англиски, Албански

Симнете го извештајот

(PDF, 7,98 MB) (PDF, 1,17 MB) (PDF, 1,18 MB) (PDF, 1,20 MB) (PDF, 989,00 KB) (PDF, 1,01 MB) (PDF, 1,02 MB)