Профил на детската популација во Република Северна Македонија

Резултати од анализа на податоци за децата од Пописот на население домаќинства и станови 2021 и административни податоци

Kindergarten children lay on the floor drawing with backs facing camera
UNICEF/North Macedonia/Georgiev/2019

Главни црти

Совладувањето на специфичните предизвици со кои се соочува детската популација во Република Северна Македонија неопходно бара соодветна база на сознанија врз основа на кои би се дизајнирале релевантни и ефективни решенија. Реализацијата на Пописот на населението, домаќинствата и становите во септември 2021 година претставува единствена можност да се добијат сознанија за различните аспекти од животот на децата во државата.  

Во 2023 година, канцеларијата на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, во соработка со националните партнери, започна формирање на база на податоци за децата во државата со цел развивање на демографски профил на детската популација во Северна Македонија. Овој извештај претставува резултат на анализата на базата на податоци во различни области. Сознанијата стекнати низ анализата имаат за цел да идентификуваат сфери каде е неопходно вложување нови или поинтензивни напори за унапредување на квалитетот на живот на децата. 

Формирањето на базата на податоци и анализата на податоците се одвиваше во периодот септември-декември 2023. Главни извори на информации претставуваат Пописот на населението, домаќинствата и становите реализиран во 2021 година, податоци од виталните статистики на Државниот завод за статистика (ДЗС), како и административни податоци за децата во различни сфери собирани од страна на институциите кои се дел од статистичкиот систем на државата (овластени носители) и се објавувани во рамки на Програмата за статистички истражувања 2018-2022. 

Census for children cover image MK
Автор
UNICEF
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски, Албански

Документи достапни за преземање