МО-ПВПД: Алатка за самооценување на влијанието врз правата на децата за мобилни оператори

Водич за второто издание

Three young people gathered indoors look at a smartphone held by one of them, standing close together and appearing engaged with what is on the screen.
UNICEF North Macedonia / Georgiev / 2025

Highlights

Изданието на Алатката за самооценување на влијанието врз правата на децата за мобилни оператори (МО-ПВПД) од 2021 г. содржи сеопфатна работна рамка што е лесна за употреба и им помага на мобилните оператори да ги согледаат предизвиците, можностите и влијанијата на нивната дејност и индустрија врз правата на децата.

Алатката дава насоки за анализа и управување со потенцијалните и реалните влијанија врз правата на децата, како и за изработка на планови за подобро управување со правата на децата во рамките на организацијата, што подразбира ублажување на потенцијалните негативни влијанија и во дигиталниот и во реалниот свет.

Врз основа на нејзиното првично издание објавено во 2016 г., алатката за самооценување МО-ПВПД е надградена за да го одрази зголемениот фокус на влијанието врз правата на децата во дигиталниот свет и уште повеќе да ја подобри нејзината применливост според фидбекот добиен од компаниите што ја користеле.

Водичот за самооценување МО-ПВПД (во ПДФ формат) служи како поткрепа на процесот на самооценување и ги опишува контекстот, целите и функциите на алатката (Ексел).

Two young girls looking at a mobil cellphone
Автор(и)
UNICEF
Датум на публикација
Јазици
Англиски

Документи достапни за преземање