Клучни наоди од студијата "Disrupting harm" во Северна Македонија

Скриена криза во детската заштита во дигиталната ера

Disrupting Harm report cover image
UNICEF

Highlights

Секое дете има право да биде безбедно, заштитено и поддржано, и во физичкиот и во онлајн просторот. Сепак, наодите од „Disrupting Harm во Северна Македонија“ откриваат дека илјадници деца доживуваат сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку дигиталните технологии. Овa не се изолирани случаи, туку се дел од поширок предизвик за детската заштита што се развива паралелно со сè поголемото дигитално учество на децата. 

Врз основа на првите национално репрезентативни докази за сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца олеснета преку технологијата во Северна Македонија, овој извештај ги разоткрива обемот, природата и последиците од злоупотребата, како и пречките што ги спречуваат децата да пријавуваат и да пристапат до правда и други услуги. Наодите укажуваат на итна потреба од посилна превенција, поефективни системи за заштита, услуги за поддршка кои се родово трансформативни водени од доживеаната траума и насочени кон детето, како и поголема отчетност на дигиталните платформи и институциите одговорни за заштита на децата. 

Клучните наоди и препораки што следуваат се темелат на гласовите и искуствата на лицата кои како деца биле изложени на овие форми на насилство, како и на докази од стручни лица кои работат во секторите за детска заштита, образование, внатрешни работи и правда. Заедно, тие нудат патоказ за владата, граѓанското општество, приватниот сектор и заедниците да преземат одлучни мерки за заштита на децата и почитување на нивните права во дигиталната ера. 

Graphic image of a child playing with digital devices.
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски, Албански