Дебелината во детството и влијанијата врз здравствената состојба во возрасно доба

Дебелината во детството и влијанијата врз здравствената состојба

Adolescent girl showing her strength and muscles in front of a school black board with messages on healthy eating
UNICEF/North Macedonia/Georgiev/2019

Главни црти

Анализата на причините за смртност во Северна Македонија, слично како и во повеќето европски земји, покажа дека дијабетесот е една од главните десет причини. Таквиот исход може да се припише на доста распространети нездрави навики и однесување, како и небалансирана исхрана и мала физичка активност. Во земјата се забележува постојан нагорен тренд во бројката на пациенти со дијабетес, што создава загриженост за зголемените здравствени трошоци, и уште поважно – за намалениот квалитет на живот и животен век.

Резултатите од студијата подразбираат два типа на препораки: препораки кои произлегуваат од расположливите податоци и постоечките политики, и препораки кои произлегуваат од отсуство на истите. Анализата на податоци укажува на потреба за интервенција преку политики во однос на обезбедување здрав избор во и надвор од училиштата, како што се создавање на поволно опкружување и промовирање физичка активност; јакнење на политиките за рекламирање и инвестирање во нивната соодветна имплементација; и работа на менување на однесувањето за создавање здрави навики за исхрана.

Childhood obesity study cover image
Автор
UNICEF MK
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски
ИСБН
978-608-4787-82-2