Северна Македонија ја добива од КОВАКС втората пратка вакцини против КОВИД-19

15 Мај 2021
COVAX
UNICEF/2021/Georgiev

Скопје, 14 мај 2021 година – Северна Македонија денес прими 38.400 дози вакцини против КОВИД-19 на Вакзеврија (претходно вакцината АстраЗенека против КОВИД-19) преку механизмот КОВАКС, партнерство меѓу Коалицијата за иновации во подготвеност за епидемии (ЦЕПИ), Гави, Алијансата за вакцини, Панамериканската здравствена организација/Светската здравствена организација (ПАХО/СЗО) и Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за рамноправна дистрибуција на вакцините против КОВИД-19 во светот.

Оваа втора пратка од механизмот КОВАКС се надоврзува на првата испорака од 24.000 дози на вакцината АстраЗенека/Оксфорд, добиена на 28 март. Се очекува Северна Македонија да прими уште пратки со вакцини против КОВИД-19 во количествата наведени во КОВАКС. 

Северна Македонија е дел од самофинансираните земји и економии што учествуваат во механизмот КОВАКС. За овие земји, Механизмот служи како критична осигурителна полиса, па со здружување на средствата преку него, земјите и економиите-учеснички всушност помагаат да се зголемат шансите вакцините против КОВИД-19 да стигнат во светот. 

Новата пратка со вакцини против КОВИД-19 ќе се употреби за имунизација на приоритетните ризични групи дефинирани од Владата, а во согласност со националниот план за реализација на вакцинацијата против КОВИД-19. Пандемијата сериозно го погоди животот на сите, па имунизацијата е важен чекор кон закрепнување и целосен пристап до виталните услуги.

Сѐ додека вакцинацијата не се прошири меѓу населението, основните јавно-здравствени мерки и понатаму претставуваат основа при одговорот на пандемијата. За јавно-здравствени власти, ова значи продолжено дијагностичко тестирање, следење на контактите, изолација и квалитетна грижа. А за поединците, тоа значи натамошно физичко дистанцирање, хигиена на рацете, употреба на маски, соодветна вентилација на затворени простории и избегнување на преполни простори.

Контакти за медиуми

Сузи Папас Чаповска
Тел: (02) 3231-244
Е- пошта: spappas@unicef.org
Ирина Ивановска
Тел: (02) 3231-172
Е- пошта: iivanovska@unicef.org

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја спроведеме таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нашата работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Следете го УНИЦЕФ на TwitterFacebookInstagram и YouTube.