Совети за родителство во услови на пандемија со КОВИД-19

Идеи кои ќе им помогнат на родителите и старателите да ја прават најважната работа во светот.

UNICEF
Child sitting at home
UNICEF/UNI313409/McIlwaine
17 Април 2020

Пандемијата на болеста предизвикана од корона вирусот (КОВИД-19) го поремети животот во семејствата низ целиот свет. Затворање на училиштата, работење од дома, физичко дистанцирање - многу работи за секој, но особено за родителите. Се здруживме со Иницијативата за родителство за долгорочно здравје за да обезбедиме за родителите и старателите збир од практични совети кои ќе помогнат во управувањето со оваа нова (привремена) состојба.

 

1. Време поминато еден-на-еден

Не можете да одите на работа? Училиштата се затворени? Загрижени сте за пари? Нормално е да сте под стрес и оптоварени.

Затворањето на училиштата е исто така можност да го подобриме нашиот однос со децата и со младите. За поминувањето време еден-на-еден не се потребни средства и е забавно. Им овозможува на децата да се чувствуваат сакано, сигурно и дека ни се важни.

Kликнете тука за повеќе родителски совети!

 

Oдвојте време кое ќе го поминувате со секое дете.

Тоа време може да трае 20 минути или подолго - зависи од нас. Може да е во истиот термин секој ден за децата и младите да се навикнат и да го очекуваат.

Прашајте го детето што би сакало да прави.

Можноста за избор им ја зголемува самодовербата. Доколку сакаат да прават нешто што не е соодветно за одржување физичка дистанца, тогаш е време да позборувате за тоа (видете ја следната брошура)

 

Идеи за вашето бебе или мало дете

  • Имитирајте ги нивните изрази на лицето и звуците што ги испуштаат
  • Пејте, правете музика со лажици и тенџериња
  • Редете чашки или коцки
  • Раскажете приказна, прочитајте книга или гледајте слики
  • Изгаснете ги телевизорот и телефонот. Ова е момент  без теми за вирусот.

Идеи за вашето мало дете

  • Читајте книга или гледајте слики
  • Прошетајте надвор или околу домот
  • Танцувајте или пејте!
  • Завршете некоја задача заедно - направете игра од чистење или готвење!
  • Помогнете им со домашните задачи

Идеи за вашиот тинејџер

  • Зборувајте за нешто што ги интересира: спорт, музика, телевизија, познати личности, пријатели
  • Одете на прошетка - надвор или околу домот
  • Вежбајте заедно на нивната омилена музика
  • Слушајте ги, гледајте ги. Обрнете им целосно внимание.
  • Kликнете тука за повеќе родителски совети

 

 

2. Oстанете позитивни

Tешко е да останеме позитивни кога нашите деца нѐ излудуваат. Често реагираме со „престани!”. Но, поголема е веројатноста  децата  да нѐ послушаат доколку им даваме позитивни инструкции и многу пофалби за тоа што добро ќе го сработат. 

Кажете им како сакате да се однесуваат

Користете позитивни термини кога му кажувате на детето што да прави, како „те молам раскрени си ги алиштата”. (наместо „немој да си направил неред”)

Сѐ зависи од начинот

Викањето може само да предизвика повеќе стрес и гнев и кај  вас и кај детето Може да го придобиете вниманието на детето со тоа што ќе му се обратите по име.. Зборувајте смирено.

Пофалете го детето кога добро се однесува.

Oбидете се да го пофалите детето за нешто што добро завршило. Тие може да не го покажат тоа, но ќе забележите дека повторно ќе го прават она од кое сте биле задоволни.

Бидете реални

Mоже ли детето да го изведе тоа што го барате? Прилично е тешко за дете да биде тивко цел ден, но може да биде тивко 15 минути додека сте на телефон.

Помогнете му на детето да ја одржи поврзаноста со другите

На младите особено им е потребна комуникација со пријателите. Помогнете му на детето да се поврзе на социјалните мрежи и преку други безбедни начини од дистанца. Тоа е нешто што може заедно да го правите.

Kликнете тука за повеќе родителски совети!

 

 

3. Воведете структура

KОВИД-19 ја  смени нашата работа, домот и училишните рутини. Oва е тешко за децата, за младите и за вас. Воведувањето нови рутини може да е од помош.

Воспоставете флексибилна и конзистентна дневна рутина

  • Направете распоред за вас и за вашите деца и одвојте  време за структурирани активности. Ова може да им помогне на децата да се чувствуваат безбедно и да ги поттикне на добро однесување.
  • Децата и младите може да помогнат во воспоставувањето на дневна содржина - како на пример распоред на часови. Децата најчесто ќе ги следат ваквите совети.
  • Вклучете физички вежби за секој ден - ова помага во стресот на децата и нивото на енергија.

Научете го детето за одржување на безбедна дистанца.

  • Доколку е возможно, изнесете ги децата надвор.
  • Можете исто да пишувате писма или да цртате цртежи кои ќе ги споделувате со други. Истакнете ги на видливо место за и други да ги видат!
  • Mоже да го смирите  детето така што ќе му кажете што правите за да биде безбедно. Слушајте ги неговите предлози  и разгледајте  ги сериозно.

Направете го миењето раце и хигиената забавни.

  • Направете песна од 20 секунди за миење раце. Додајте активности! Давајте им на децата поени и пофалувајте ги за редовно миење раце.
  • Направете игра да видите кој помалку пати ќе го допре лицето со награда за најмалиот број допири (може да броите еден за друг).
  • На крајот од секој ден, одвојте малку време да размислите за денот.
  • Споделете со детето една позитивна или забавна работа која ја направиле.
  • Пофалете се за оние работи што заедно сте ги завршиле со успех во текот на денот

Вие сте пример за однесувањето на вашето дете.

Aко се придржувате до држење физичка дистанца од други, одржување хигиена и сочувствување со другите особено оние кои се болни и ранливи - вашите деца ќе учат од вас.

Kликнете тука за повеќе родителски совети!

 

 

 

4. Лошо однесување

Сите деца понекогаш се однесуваат лошо. Тоа е нормално кога децата се уморни, гладни, уплашени или кога учат да бидат независни. А особено кога се заглавени дома, можат да не излудат!

Пренасочете ги

  • Забележете го лошото однесување доволно рано и пренасочете го вниманието на вашите деца од лошо кон добро однесување.
  • Прекинете го уште пред да почне! Кога почнуваат да стануваат немирни, може да им го придобиете вниманието со нешто интересно или забавно: "Ајде дојди да излеземе надвор на прошетка!"

Направете пауза

Чувствувате дека ќе почнете да врескате?  Дајте си  пауза од 10 секунди. Вдишете и издишете бавно пет пати. Потоа обидете се да одговорите на посмирен начин.

Милиони родители велат дека ова многу помага!

Користете последици

Последиците им  помагаат на децата да научат да бидат одговорни за она што го прават. Тие исто така овозможуваат дисциплина која е под контрола. Овој начин е поефикасен отколку викањето или тепањето.

  • Дајте му можност на вашето дете да избере да ги следи вашите упатства пред да му ја кажете последицата.
  • Обидете се да останете мирни додека му ја задавате последицата.
  • Бидете сигурни дека можете да ја спроведете последицата. На пример, одземање на телефон од тинејџер за една недела, тешко е да се спроведе. Да му се одземе на еден час е поизводливо.
  • Штом последицата е извршена, дајте му можност на вашето дете да направи нешто добро и пофалете го за тоа!

Држете се до советите 1-3

Време поминато еден-на-еден, пофалба за доброто однесување, и доследност во навиките ќе го намалат лошото однесување.

На вашите помали деца и тинејџери, дајте им  едноставни задачи за кои ќе бидат одговорни. Притоа, бидете сигурни дека  можат да го направат тоа и пофалете ги кога ќе го направат тоа!

Kликнете тука за повеќе родителски совети!

 

 

5. Останете смирени и совладајте го стресот

Ова е време на стресни настани. Водете сметка за себе, само така ќе можете да ги поддржите вашите деца.

Не сте сами

Милиони луѓе имаат исти стравови како и вие. Најдете некој со кого можете да разговарате за тоа како се чувствувате. Слушајте го. Избегнувајте ги социјалните медиуми кои ве вознемируваат и ви создаваат чувство на паника.

Направете пауза

Понекогаш ви е потребен одмор. Кога детето спие, правете нешто забавно или нешто што ќе ве опушти. Направете листа на здрави активности кои сакате да ги правите. Заслужувате!

Слушајте ги вашите деца

Бидете отворени и слушајте ги вашите деца. Тие бараат од вас поддршка и уверување дека е сѐ во ред. Слушајте ги вашите деца кога споделуваат со вас како се чувствуваат. Прифатете ги нивните чувства и утешете ги.

Направете пауза

1-минутна активност за опуштање што можете да ја правите секогаш кога се чувствувате под стрес или кога сте загрижени.

Чекор 1: Поставување

  • Најдете удобна позиција за седење, со стапалата на под, со рацете што се одмараат во скутот.
  • Затворете ги очите ако ви е удобно.

Чекор 2: Мисли, чувства, тело

  • Прашајте се себеси: “Што размислувам во моментов?”
  • Забележете ги вашите мисли. Забележете дали се позитивни или негативни.
  • Забележете како се чувствувате емоционално. Забележете дали вашите чувства се радосни или не.
  • Забележете како се чувствувате телесно. Забележете што било што ви причинува болка или напнатост.

Чекор 3: Насочете се на вашето дишење

  • Слушајте го вашето дишење, воздухот што го вдишувате и издишувате.
  • Можете да ја ставите раката на стомакот и да почувствувате како се крева и спушта со секој здив.
  • Можеби сакате да си кажете  „Сѐ е во ред. Што и да е, јас сум добро.”
  • Потоа, извесно време слушајте го само вашиот здив.

Чекор 4: Враќање назад

  • Забележете како се чувствува вашето тело во целост.
  • Наслушнете ги звуците во просторијата.

Чекор 5: Рефлексија

  • Помислете „Дали се чувствувам различно?“.
  • Кога ќе бидете подготвени, отворете ги очите.

Правење пауза може да биде исто така корисно кога вашето дете ве лути, или кога сторило нешто лошо. Ви дава можност да се смирите. Дури и само неколку длабоки вдишувања и издишувања, или поврзување со чувствувањето на подот одоздола, може да направи разлика. Исто така можете да го правите ова и со вашите деца!

Kликнете тука за повеќе родителски совети!

 

 

6. Разговор за КОВИД-19

Имајте волја за разговор. Децата веќе дознале нешто. Молчењето и тајните не ги заштитуваат нашите деца. Искреноста и отвореноста ги заштитува. Размислете колку можат да   разбератт. Вие најдобро ги познавате!

Бидете отворени и слушајте

Дозволете им на вашите деца слободно да зборуваат. Поставете им отворени прашања и дознајте што веќе знаат.

Бидете искрени

Секогаш одговарајте искренона нивните прашања . Земете во предвид колку години има вашето дете и колку може да разбере.

Поддржете ги

Вашето дете може да е исплашено или збунето. Дајте им простор на децата да споделат со вас како се чувствуваат и ставете им до знаење дека сте тука за нив.

Во ред е да не ги знаете сите одговори

Добро е да се каже „Ние сѐ уште не знаеме, но работиме на тоа. Сѐ уште не знаеме, но размислуваме.”  Искористете го ова како можност да научите нешто ново со вашите деца!

Јунаци, а не насилници

Објаснете дека КОВИД-19 нема врскасо тоа како некој изгледа, од каде потекнува, или на кој јазик зборува. Кажете му на вашето дете дека треба да сочувствуваме со луѓето што се болни и со оние кои се грижат за нив. Пронајдете приказни од луѓе кои работат на тоа да ја сопрат заразата и се грижат за болните.

Има многу приказни  што кружат наоколу

Некои не се вистинити. Користете веродостојни сајтови: https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/advice-for-public и https://www.unicef.org/coronavirus/covid-19 од страна на СЗО и УНИЦЕФ.

Да завршиме позитивно

Проверете дали вашите деца се добро. Потсетете ги дека се грижите за нив и дека можат да разговараат со вас во кое било време. Потоа, заедно направете нешто забавно!

Kликнете тука за повеќе родителски совети!