Во канџите на зимата

Во јануари 2017 година, во екстремни студови и невреме што беснее низ делови од Европа, на многу деца-бегалци и мигранти им се закануваат респираторни и други сериозни болести — па дури и смрт од хипотермија

UNICEF MK
Патронажната сестра Слаѓана Перчинковска од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, го носи Илијас, завиткан во ќебе, во објектот во кој е сместено неговото семејство, а по нив оди неговата мајка Ширин.
UNICEF/2017/Georgiev
20 Јули 2018

Во јануари 2017 година, во екстремни студови и невреме што беснее низ делови од Европа, на многу деца-бегалци и мигранти им се закануваат респираторни и други сериозни болести — па дури и смрт од хипотермија. Со напорите на УНИЦЕФ за зимска подготвеност во земјите од Балканот им се помага на жените и децата да бидат на топло.

Во транзитниот центар за бегалци и мигранти во Табановце во моментот се сместени околу 100 луѓе, од кои една третина се деца. Патронажната сестра Слаѓана Перчинковска од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, го носи Илијас, завиткан во ќебе, во објектот во кој е сместено неговото семејство, а по нив оди неговата мајка Ширин.

Ширин, мајка на пет деца во раце го држи Илијас, опкружена од другите четири деца во привремениот објект за сместување во транзитниот центар за бегалци и мигранти Табановце
UNICEF/2017/Georgiev

Принудени да бегаат поради конфликтот во Сириската Арапска Република, како и илјадници семејства пред нив, Ширин, мајка на пет деца во раце го држи Илијас, опкружена од другите четири деца во привремениот објект за сместување што е нивен дом во изминатите 10 месеци.

Патронажната сестра Слаѓана Перчинковска го држи ноџето на новородениот Илијас додека го прегледува во транзитниот центар за бегалци и мигранти Табановце
UNICEF/2017/Georgiev

Со помалку масно ткиво за заштита од студот, новороденчињата и малите деца се поподложни на вирусни и бактериски инфекции. Синот на Ширин кој има само пет дена, Илијас, го прегледува патронажната сестра Слаѓана Перчинковска.

Ширин, мајка на пет деца во раце го држи новородениот син Илијас во транзитниот центар за бегалци и мигранти Табановце
UNICEF/2017/Georgiev

Нишкајќи го Илијас во катчето за мајки и бебиња, дел од просторот за деца поддржан од УНИЦЕФ, Ширин ја користи топлата просторија за совети околку исхраната и развојот на Илијас, како и за повремен одмор. Во текот на бременоста, таа доби антенатална грижа од тим на патронажни сестри кои секојдневно се присутни во кампот.

Патронажната сестра Слаѓана Перчинковска го бања за прв пат новороденото бебе Илијас во транзитниот центар за бегалци и мигранти Табановце
UNICEF/2017/Georgiev

„Овде, ние на некој начин ја чувствуваме разорната траума што ја доживеале многумина од овие луѓе бегајќи од војната. Но, многу сме среќни што можеме да споделиме радосни моменти како овие“, вели сестра Перчинковска додека за првпат го капе Илијас, а неговата сестричка, Солин, 7, набљудува.

Група деца јадат топла супа движејќи се по снегот во транзитниот центар за бегалци и мигранти Табановце
UNICEF/2017/Georgiev

Солин (лево) ужива во топлата супа со други сириски девојчиња. Со голем број од децата на Балканот во засолништа што се лошо опремени за зима, ризикот од појава на инфекции е значително поголем.

Момче го влече својот другар со санка во транзитниот центар за бегалци и мигранти во Табановце
UNICEF/2017/Georgiev

Континуираната адаптација за зимски услови поддржана од УНИЦЕФ во земјите од Балканот им помага на жените и децата да се заштитат од студот. Две момчиња од Сирија си играат на снегот.