И родителството се учи

Кампања за поддршка на родителите да подигаат среќни, здрави и паметни деца

И родителството се учи
UNICEF/2019

 Министерството  за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, заедно со Европската унија и УНИЦЕФ, започнаа кампања насловена како „И родителството се учи“. Отворајќи дискусија за детскиот развој и човечкиот напредок, кампањата има за цел да го сврти вниманието кон потребата родителите да се поддржат во подигање самоуверени, учтиви и успешни деца.

Најновите сознанија во науката покажуваат дека во првите години од животот, човечкиот мозок се развива со брзина која никогаш потоа нема да се повтори. Секое поединечно искуство на детето влијае врз развојот на мозокот и го обликува начинот на кој тоа размислува, чувствува, се однесува и учи во текот на животот. Кампањата „И родителството се учи“ отвора дискусија за овие теми, како и за емотивното приврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства и стресот врз детскиот развој.  

Истражувањето поддржано од УНИЦЕФ покажува дека иако повеќето родители се свесни за штетните последици од користењето насилство при воспитување на децата, тоа не е одразено во праксата. Општествените очекувања за казнување, слабата самоделотворност и немањето пристап до информации за позитивното родителство и детскиот развој се главните причини за продолжување на насилната практика. Кампањата ќе се осврне кон овој недостаток, давајќи им на родителите ресурси за позитивно родителство.

Кампањата вклучува видео „Тежината на зборовите“ што го потенцира емоционалното запоставување кое децата вообичаено го трпат. Видеото со родители кои гледаат како децата глумат насилни методи на дисциплинирање, фрла светлина врз тоа дека родителите ја разбираат потребата од промена. Увидувајќи ја потребата на родителите за поддршка, кампањата е осмислена да ја поткрепи ваквата промена, овозможувајќи стручни предавања, ресурси за родителство и можност за учество во родителски настани што ќе се организираат низ земјата во наредните месеци. 

Кампањата „И родителството се учи“ е дел од поширокиот напор поддржан од УНИЦЕФ за зајакнување на услугите и програмите за поддршка на родителите, и се спроведува како дел од регионалниот проект на УНИЦЕФ финансиран од ЕУ „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост на Западен Балкан и во Турција“.

Embedded video follows
UNICEF/2018
Embedded video follows
UNICEF/2018
Embedded video follows
UNICEF/2018
Embedded video follows
UNICEF/2018
Embedded video follows
UNICEF/2018
Embedded video follows
UNICEF/2018
Embedded video follows
UNICEF/2019
Embedded video follows
UNICEF/2019
Embedded video follows
UNICEF/2019