Пристап кој е воден од доживеаната траума

Воведен прирачник

Children holding hands
UNICEF/UN0610910/Moska

Главни црти

„Во конфликти и катастрофи, децата се први на удар и под најголем удар. Денеска, едно од четири деца во светот живее во зона на конфликт или катастрофа – факт кој сите треба да нè потресе до сржта. Сите овие деца се соочени со неизвесна иднина“. УНИЦЕФ, Хуманитарна акција за деца 2020


Оваа глобална ситуација нѐ соочува со предизвикот подобро да ја разбереме
сложената природа на настаните со кои сме соочени. Заради тоа, потребно
ни е спојување на различни дисциплини кои ни даваат иновативни алатки за
поефективни и поправични интервенции.

Пристапот кој е воден од доживеаната траума е ново трансдисициплинарно
подрачје кое нуди поинтегрирано поимање за траумата и нејзиното влијание
врз животите на децата.
Новите полиња на знаење, како невронауката, ни даваат нови сознанија за
интервенциите кои не создаваат повторна траума. Со ова се градат системи
кои во фокусот на интервенцијата ги ставаат децата и нивните најдобри
интереси.

Овој воведен прирачник е дел од програмата за обука за пристапот воден од
преживеаната траума на УНИЦЕФ Северна Македонија за судиите
и јавните обвинители, полициските службеници и професионалците од
центрите за социјална работа.

Читателите ќе се сретнат со широк избор на теми кои ќе ги запознаат со
клучните точки и препораки за секој од случаите.
Од друга страна, денешниот свет нѐ соочува со колективни трауми кои имаат
значително влијание врз децата и младите и бараат од државите, како и од
меѓународната заедница, да воспостават програми за третман и превенција на
траума на сите нивоа.

Воведниот прирачник е достапен на англиски и македонски јазик.

Автор
Флавиа Валгиусти
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски

Документи достапни за преземање