Најдобар почеток во животот

Проширување на пристапот до предучилишно образование и грижа во Северна Македонија

Group of pre-school children in kindergarden
UNICEF/2025/Georgiev

Highlights

Овој документ за јавни политики на УНИЦЕФ ја нагласува итната потреба од проширување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа во Северна Македонија, со фокус на еднаков пристап, инклузија и фискална одржливост. Во документот се анализираат постојните предизвици и се предлага патоказ за реформи со цел до 2032 година најмалку 65% од децата на возраст од 3 до 6 години да бидат опфатени со предучилишно образование и грижа. Притоа, се препорачува примена на комбиниран модел на обезбедување услуги, кој ги поврзува јавните и приватните градинки, како и модели за згрижување деца поддржани од работодавачите, заедно со насочени мерки за вклучување на децата од ранливи групи.

Автор(и)
УНИЦЕФ Северна Македонија
Датум на публикација
Јазици
Македонски, Англиски